You are currently viewing КУЛТУРНО-МОРАЛНО ОПШТЕСТВЕН ПОРЕДОК

Пушува, Мартин Буровски

Возљубени во Христа Бога отци, браќа и сестри, јас не ќе имам нешто многу да ви кажам за мене, но, се разбира најглавното дека ниту сум син на бизнисмен, чиновник, или функционер туку едно обично дете пораснато во дом. Па, така мојата мисла ќе ја изгуби смислата ако мојата мисла ја изневери смислата на книгата над сите книги, се разбира тоа е нашата библиска и антрополошка егзистенција. Па, се што сум стеклнал во животот главно го препишувам на моите стари мајстори врвни сликари, зографи, скулптори како и да не ги заборавам моите опитни духовници коишто ми ги предадоа тајните на спасението. Пред се, сакам накратко да поминам низ неколку теми пред се за нашата библиска антропологија како и за потребата за реевангелизација и за просветителската дејност.

Како оглед на сето тоа ќе започнам со една обезбожена поговорка којашто туку шета низ нашето општество, поговорка којашто го тресе и ечи светот а не ја одбегна и наша Македонија. Се разбира донесена од западноевропската неоимпереилизирана матерјализација којашто го уништи и сотре нашето општество како и неговата клетка, тоа е семејството, душата и духот на македонскиот Словен, а се повеќе ја гледам и во епископските редови “без секого се може” или “нам никој не ни треба”.

Секое евангелско четиво и самиот Христос не повикуваат на двата најголеми заповеди како резултат на тоа што треба да правиме за да се спасиме. “Возљуби го својот Бог со сето свое срци и сиот свој ум” и “Возљуби го ближниот како самиот себеси” и ниту еден нама да биде лишен од ниту една есхатолошка перспектива на постоењето. И да не заборавиме за тоа што ни се случува и случува како резултат на потклекнувањето на нашата преселтена црковно – политичка интелигенција – отстапи од својот народ и сам го остави да талка по светов и веков. Како резултат на сето тоа опаѓаат нашите епитети како обезбожен или неук народ. Можеби повеќе наликува на исползуван, излажан, искористен и најголемиот грев јудејски којшто ни се случи – предаден. Па, за проблемите коишто шетаат како некоја опашка низ нашата црква и држава ние многу добро знаеме дека оној којшто си прави некаква си сопствена кариера или профит од уметноста па и од црквата, политичка партија или некаква изборница, не само што се убива сам себе, туку во неповрат ги носи и во земјата невратија и останатите околу себеси.

Падот на писменоста, културата, уметноста, наследството, традицијата на еден народ е резултатот и падот на едно општество во сите негови сфери.

Секоја доброволна отстапка на библиската егзистенција на православниот човек, животот од смисла му го води во бесмисла или тотоален апсурд.

Токму ова го гледаме денес во нашето општество, особено кај мојата генерација. Најстарите свети отци пустоножителите веќе ја оформија нашата догматска формулација на “Ора Естабола” што во буквален наш превод значи: молитва, пост и послушание, како што е давањето крв и примањето на светиот дух. Атонските свети отци, старци, не повикуваат на тоа дека не е страшно да ја изгубиме смислата на животот, туку уште пострашно е да ја изгубиме волјата да ја бараме смислата на животот, додека смирението и љувобта кон работата се знак на некаква натпросечност. Како што и најголемата загуба на чедото е да го изгуби Бог, додека на синот, отецот или татка си.

Патријарх Павле (+ 1914 – 2009)

Да се повикаме на светиот тогашен патријарх Павле со неговата животна аскетска и патролошка дејност: Ако ја изгубите љубовта не сте изгубиле многу но, ако ја изгубите верата сте изгубиле се. Ништо видливо и невидливо на светов и веков не чини колку што чини една човечка душа.Патријарх Павле (+ 1914 – 2009)

Како ученик на последниот Валаамски старец – о. Серафим Покрофски којшто имал директна врска со старец Софониј Сахаров цели тринаесет години, како и на нашиот великоупокоен дедо Методиј архимандрит Валаамски (+22.07.2020) токму од тие монашки редови од каде што испаднаа најјаките богослови и теолози на црквата, го добив сиот нивни богослужбен циклус и светите тајни. Како еден ретрограден процес на сето тоа, особено внимание обрнувам на тоа со што сум опкружен како и мојата генерација, гледајќи како го пара патот и дверите на милосрдието и спасението, смислата и помислата животов и поредоков. А ние самите знаеме дека среќата треба да се бара иако и можеби малку овде ќе претерам но, и крвнички да се заработи.

Отец Серафим Покрофски – духовно чето на Великоупокоен отец Методиј архимандрит Валаамски (+ 22.07.2021)

За крај ќе се повикам на еден наш православен философ Иван Александрович Илин, којшто во неговите текстови на пријателството ни има посочено дека тоа е рамо до рамо или поточно рамо за рамо, а не банкомат за штанцање пари. Како и за најмодерната поговорка, а тоа е дека веќе гревот стана мода, па се помодерно и помодерно е да го правиме тоа наспорити она што го наследивме од нашите праотци, предци како и он нашата култура.

Ете толку накратко ви напишав и секако ве охрабрувам да чекорите по патот и да ја чувате нашата есхатолошка перспектива.

Ви благодарам,

Пишива Мартин Буровски роден 1998 год. с. Русиново, Берово

Студент на факултет на ликовните уметности, Скопје

2017 год. прв пристап на теолошки факултет, Скопје ( чии студии во умирување)

2014 год. прва самостојна изложба по повод град Скопје, 2020 втора самостојна изложба “М6 Винарија Тиквеш”.

2015 год. посета на колеџот, UWC Costa Rica.

2018 год. едногодишен живот со последниот Валаамски схимник о. Серафим.

Познавач на старокласичните јазици на византиските отци: старогрчки и црковнословенскиот како и современите: англиски, руски и македноски

Член на родина македонија

Скопје, 2022 година.

Напишете коментар