You are currently viewing ПРОТЕРУВАЊЕ НА 5-те РУСКИ ДИПЛОМАТИ Е АНТИМАКЕДОНСКИ ЧИН!

Родина Македонија не е изненадена од одлуките на Бујар Османи од вашата земја „С…..“, кој чинот за протерување на руски дипломати, неколку пати по ред, го базира на идеалите на проамериканската УЧК!

Згрозени сме од молкот и подреденоста на „македончињата“ кои очигледно дека се само декор во Владата на „Вашата земја“, кои работат спротивно на волјата и интересите на македонскиот народ.

Оваа влада, која инаку е производ на хибридна западна војна, подолг период работи против македонските национални интереси и е ставена целосно во служба на интересите на колонијалните власти !

Молкот на политичкиот систем е производ на долго децениското моделирање за потполно ставање во служба на туѓите интереси.

Ние како политичка партија „Родина Македонија“ која ги претставува македонските народни интереси се оградуваме од одлуката на оваа англо-саксонска франкенштајн креација „С…….“, која е подигната на урнатинитее на Уставот на Република Македонија!

Односите на Република Македонија и Руската Федерација, на македонскиот и рускиот народ, ќе доживеат подобри времиња и ќе бидат на ниво достојно за односи помеѓу два братски народи!

УЧК ќе биде минато, заедно со Северна!

Бидете дел од политичката партија „Родина Македонија“

http://rodina.org.mk/pristapnica/