You are currently viewing СТОП ЗА МАСКИТЕ И ПОГРЕШНИТЕ МЕРКИ!

Почетокот на второто полугодие ни носи ново-стари апсурди мерки, кои ги поминуваат границите на ненормалното. 

Во 21 век, во 2022 година, во македонските училишта сеуште вентилацијата на училните зимно време се прави со промаја, при која треба да се прави ротација на дечиња кои ќе седат до прозорот.

Следната револуционерна мерка која веќе две години не дава никакви резултати, односно дава негативни е маската.

Што преставува во суштина маската?

Тоа ви е едно платно кое паѓа на подот, седи на клупа, во џеб, во ташна и кое функционира само до моментот додека младите не се сретнат во кафуле, концерт, забава.

Интересни беа новогодишните забави, кои се одвиваа во кафулиња чии газди се токму тие кои ги носат мерките, каде на 100м2 имаше и по 300 млади.

Родина Македонија повикува на здравиот разум, логиката на природата, како и примена на современи методи за заштита на децата.

А тоа се, системи за вентилација во училиштата, уреди за негативни јони, системи на одржување на хигиена, наместо ќебето кое се влече по под, едукација за здрав живот, спорт и спортски активности, итн….

Пари?

Пренаменете ги од ЛГТБ лубрикантите и УЧК концертите.

Бидете дел од политичката партија „Родина Македонија“

http://rodina.org.mk/pristapnica/