Политичките партии не можат да се финансираат од:
– влади, меѓународни институции, органи и организации на странски држави и други странски лица, државни и локални органи надвор од средствата предвидени со Буџетот на Република Македонија, освен средствата предвидени со овој закон и законите за избори, јавни установи, јавни претпријатија, јавни фондови или други правни лица кои располагаат со државен капитал, јавни претпријатија, јавни установи и јавни фондови формирани од општините, претпријатија кои имаат најмалку 20% учество на државен капитал, јавни установи и институции вклучувајќи ги и тие што го започнале процесот на приватизација, приватни претпријатија кои во моментот на давање прилог за политичката партија вршат јавни услуги за државни органи или за јавни установи, претпријатија и фондови по пат на договор, здружение на граѓани (невладини организации), верски заедници или религиозни групи, средства на претпријатија со мешовит капитал каде што доминантен сопственик е странски вложувач и анонимни или неидентификувани извори.