Skip to content Skip to footer

ИДЕНТИТЕТИ : РАЗЛИЧНИ, НО ЕДНАКВИ

Постоjат теми, кои што можат да се преодолеат доколку се споделат со други луѓе , ако  тие луѓе се способни да отпочнат внатрешен процес , доволно силен , што би имал влиjание врз совеста и интимното разбирање на човекот како таков , но, преди се како носител на вистински вредности во општеството.

Во  2019 година сеуште постоjат мерки и концепции за идентитетот , кои што наместо веднаш да се проектираат  во надворешноста , се губат во стандардизираната магма , неспособна да проjде низ саморазбирање ( осознавање ) , т.е.  да се приближи до чувството сам по себе , за да може на следното ниво да се поврзе со сите кои се наоѓаат надвор од сопствените карактеристики , но со заеднички вредносни мерила.

Во дадениов историски моментум , нашата родина , Република Македониjа се соочува со негирање на неjзиниот  државен идентитет и суверенитет , а со самото тоа и негирање на народниот македонски идентитет и суверенитет. Преку етноцид и културоцид , како анахронени поjави во современиов свет . Во него , измислените проблеми на измислените целни групи земени во ,, заштита ,, ги згуснуваат боите на нетрпеливоста во релациите : човек – човек . Во регресивното денешно битисување , како , индивидуа , коjа што  засолниште и евентуално спасение беше научена да гледа во либерализмот и ,,европската просветителска мисиjа ,,. Но , таа епоха со импресивна архитектура , и длабоко нехумана по содржина е во заоѓање , без глобална можност за повторно изгревање над главите од човештвото . 

За да можеме да разговараме на тема ; поставување  Република Македониjа на здрави , вечни темели , прво , треба да се врати суверенитетот на државата во народни раце како неjзин неприкосновен и единствен суверен. Републиканскиот облик на уредување го наметнува овоj императив . Заради остварување на овоj идеал Македониjа плати висока цена во времето кога Балканите беа ослободени од полмилениумското османлиско ропство , и новооформените држави беа возглавени од европски кралски лози. Расчеречена беше Македониjа и поделена меѓу носителите на сината крв. 

,, Родина ,, како платформа за соработка на македонските суверенисти , прерасна во македонски  политички дом , токму заради заедничкото осознавање за важноста на народниот , а со него и државниот суверенитет. Отсуството на еготрипни , износени политичари и транзициони анти- херои е доблеста на оваа родољубива платформа . А легитимирањето на политичката сцена во Република Македониjа е логично , еволутивно продолжување на политичката борба. 

Во услови кога ,краjот на историjата , онаа ултра-либералната во секоj случаj, се случува и честички неjзината ентропиjа фрчат насекаде  ослободени од вчерашната сила , а европското ,,просветителство ,, се гуши во внатрешниот антагонизам околу прашањето ; исправноста траекториjата на утрешното заедничко соживеење , ,, Родина ,, го избра мултиполарниот свет , како единствена можност за : ,, Разбирање на светот како поле за културен натпревар меѓу народите , со рамноправно учество на Македонците ,,. Зарем тоа не бил неисполнетиот сонуван сон на Ѓорги Делчев , македонскиот  воин -победоносец и на плеадата македонски борци и преродбеници ?

 ,, Родина ,, не поседува ,,ергела ,, исполнета со расни егземплари на политичари , jавни личности , скапи ПИ- АР-и , и видни интелектуалци . ,, Родина ,, е место под македонското сонце каде што родољубите ; сестри и браќа го вложуваат своjот целосен потенциjал за ослободување на заедничката родина. Со тоа ние самите , како и останатите нации , современите чинители на меѓународните односи , придонесуваме во создавањето на сопствената национална судбина.

Како и друга , било чиjа судбина , така и нашата – заедничката ќе биде испишана со  решениjата и чекорите кои ги преземаме за неjзино материjализирање и оживување. 

Ваквиот , асиметричен, пристап во политичкото деjствување , разбирливо , привлекува внимание од актуелната политичка естрада . За антимакедонците од владата во заминување ; ваквото делување на ,, Родина ,, е како шаховски од во нељутисечовече , омилената нивна игра. Три години , сите родољубиви организации , движења , партии … живеат во невидливата зона од спектарот .

За партиjата , коjа го започна искачувањето на политичкиот Еверест како патриотска и конзервативна , откопуваjќи ги четирите свети букви од националната мемориjа ; ВМРО , а сега останата само во тенкото неглиже – ДПМНЕ , лигата на македонски родољубиви партии , инициjативи , движења ,… во коjа има чест да се вброи и ,, Родина ,, им претставува конкурент на домашен терен.

Разбирлива е употребата на : етикети , дисквалификации , обвинувања без покритие , … користење на други средства од арсеналот на Попер, како начини за голословна дискфалификациjа на политичкиот противник. Тоа е неинвентивноста и зачауреноста на партиите основани пред новата ера во политиката

Зоран Курљан, член на ИО-РОДИНА МАКЕДОНИЈА

Приклучи се во првите 1000 основоположници кои во рекордно време следниве неколку недели ќе ја формираат единствената Македонска, суверенистичка, непоткуплива и визионерска опција за градење на Македонија на здрави темели за следните 1.000 години

Бидете дел од иницијативата за политичка партија „Родина“