You are currently viewing КАДЕ Е „ГЛУШЕЦОТ“? ЌЕ ОДГОВАРА ЛИ „МАЧКАТА„?

КОЛУМНА: СОФИЈА АЧКОСКА, ПРЕТСЕДАВАЧ НА КОМИСИЈАТА ЗА ОБРАЗОВАНИЕ

Празниците се зад нас. Заврши некако и првото полугодие од учебната 2022/23 година, а проблемите во образованието се заглавија како коска во грло, која треба под итно да се отстрани, во новата година.

Од каде да тргнеме? Од лажните најави за бомби во училиштата, кои сакале да признаеме или не започнаа со оценувањето и тестирањето на учениците на крајот на првото тримесечеие, а завршија на крајот на првото полугодие, или од најавата на Министерот за образование и наука, дека учебниците кои иако ги чекавме целото прво полугодие, не стигнаа до последниот ден на годината или за тоа како после толку нереализирани работни денови, наставниците уапеаа реално да ги оценат учениците?

На социјалните мрежи можеа да се се сретнат неколку претпоставки за тоа кој можел да ги нарача лажните бомби. Откако и НАТО се откажа да учествува во откривањето на лажните најави за бомби, остана тајна каде се сокри „глувчето“ што „мачорот“ толку упорно го бараше. По откривањето на двајцата малолетници за дојавувачи на бомби, приказната за сајбер напади од страна на МВР и главниот Оливер Спасовски, падна во вода. Остана само прашањето кој ќе ја превземе одговорноста за претрпениот страв и стрес низ кој минуваа учениците, родителите и наставниците. Кој и како ќе ги надомести изгубените работни денови на родителите за згрижување на нивните деца од училиште?

Чудно е што и МОН на крајот на годината немаше јасен став ни решение за надминување на проблемот со нереализираните наставни часови во училиштата и истиот го префрли на претпоставените во училиштата. МОН, пред да изгради стратегија за решевање на проблемот со нереализираната наставна програма, што беше последица на лажните најави за бомби, како едвај да чекаше да заврши полугодието и да се распушти уште пред учениците. Не слушнавме дали училиштата поднеле извештај за бројот на нереализирани часови и како ќе се надоместат истите, или поучени од „поговорката хартија се трпи“, за „мир во куќата“ ќе се продолжи таму каде што се запре?!

Кому му е грижа што учениците ќе останат со празнини во знаењето и како тоа ќе се одрази врз квалитетот на знаењето и успехот на учениците во наредната година, или и тогаш по инерција ќе се напишат посакуваните оцени и на крајот и „волок сит и овците на број“? Кога ќе помислите дека сепак има некаде крај на ова гледање низ прсти и градење на лажна слика за знаењето и успехот на учениците, очекувајќи правдата да се задоволи на завршниот матурски испит на зрелост, повторно сте во грешка. И тогаш оние што не превземале мерки на време, ќе ги исправат сопствените пропусти за да се покријат себе си и во интерес на децата ќе организираат тестови со ниски барања и на крај ќе земат матура без малку сите. Кому му е грижа за знаење и наука? На општо задоволство матурата ќе биде успешна. „ВОЛКОТ Е СИТ И ОВЦИТЕ СЕ НА БРОЈ“.

Имавме можност во изминатата година да видиме дека на факултет се земаат дипломи и без завршени испити. Накратко речено ОБРАЗОВНИОТ СИСТЕМ Е ТРУЛ ПО ВЕРТИКАЛА, ОД ОСНОВАТА ДО ВРВОТ. Затоа нема квалитетен кадар и е трагично за децата кои сакаат да учат да го губат времето во нашите училишта. Не ме сфаќајте погрешно, јас не го фаворизирам западното школство, но ова што го нарекуваме образование и наука, а е во креација на исфрустрирани креатури во МОН, е само трошење на народните пари во неповрат.

Сите што велат дека образованието е непроизводствена институција забораваат дека создавањето на здрава, работоспособна и мисловна личност се формрмира во воспитно образовните институции, но не од овој тип. Образованието е место за производство на човечки умови кои се темел за развој на сите сегменти во една држава што вложува во младите.

РЕЗИМЕ:

– Учебната година 2022/23 започна убез учебници по сите предмети, и првото полугодие заврши без учебници по сите предмети.

– Испечатените, за жал се предмет на жестока критика во стручната јавност поради стручни грешки и пропусти или концепциски погрешно пооставени непедагошки цели, согласно традиционалните сфаќања, загарантирани во уставот.

– Факт е дека со толку изгубени часови и наставната програма не се реализирала во целост.

– Оцените на учениците поради објективно недоволно наставни часови не соодветствуваат на реалното знаење.

Тогаш за какво образование зборуваме ние? За какво менаџирање на образованието зборуваме? Кој е одговорен што надлежните институции си играат образование и се коцкаат со иднината на нашите деца? Зарем после сѐ не е нормално што секој родител што води грижа за наобразбата на своите деца го планира нивното образовабие некаде далеку од Македонија? Инспекциската служба за образование да ги засука ракавите и да ја утврди моменталната сосојба во училиштата, со броот на реализирани часови и објективност во оценувањето.

За вакви сериозни грешки треба да си ПОДНЕСАТ ОСТАВКА, ВРВОТ ВО МОН И МВР, затоа што не се на висината на задачата за која се платени од народот и не се во состојба да воспостават безбедни услови за школување и да им дадат квалитетно образование на децата.

Бидете дел од Родина Македонија, дел од новиот #постзападен, #мултиполарен свет!