Skip to content Skip to footer

КУЛТОТ КОН СОНЦЕТО, СВЕТЛИНАТА, Е ДЛАБОКО ВРЕЖАН ВО КОДОТ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД , ПРЕКУ БОГОТ ИЛЛ, СВЕТИ ИЛИЈА, ИЛИНДЕН

Во чест на големиот македонски празник ИЛИНДЕН

Пишува, Елизабета Чингарова Матевска

*ИЛИ, ИЛЕ, ИЛЛ, ИЛИЈА, е древниот Бог на Сонцето, македонците го имаат Сонцето како СВОЈ симбол. ‘‘Иле, Иле, Иле, нашиот Бог најмил е. Дај ми боже мили, сила, да заштитам Македонија земја мила‘‘.

Богот Иле(ИЛЛ) музеј во Истанбул

ЛЕГЕНДАТА за почетокот на Македонија, вели,
БОГОТ на Сонцето ИЛЕ (ИЛЛ) се вљубил во Божицата МА. Паѓа на земјата и се соединува со Божицата МA, Од нивниот род на Свет доаѓа Македон , cин на Бог…
ИЛЕ (ИЛЛ) Богот на Сонцето е симбол на Cонцето, Светлината, Божицата МA, Мајка, Богородица, симбол на цвеќето, ТАКА И СЕ ПРЕТСТАВЕНИ ОД МАКЕДОНСКИТЕ ВЛАДЕТЕЛИ, СО СОНЦЕ И РОЗА НА СРЕДИНАТА.

М А К Е Д О Н И Ј А – ЗЕМЈА на БОЖИЦАТА МАЈКА, ЗЕМЈА на СОНЦЕТО и ЦВEЌЕТО.

*СТАРОЗАВЕТНИОТ ЛИК на Свети Илија Громовникот е еден од култните свеци кај православните македонци. Според народното верување Св Илија, пророк, е чуварот на небото, се поклопува по значењето со богот Илл или можеби со богот Перун, бидејки православната црква го има поистоветено со Перун Громовникот, од тн словенска митологија.
Св. Илија пророк, бил боговидец, чудотворец, ревнител за Божјата вера од племето Ароново. Кога се родил Илија, неговиот татко Савах видел ангели Божји околу детето како го повиваат во оган и му даваат да јаде пламен. Тоа било предзнак за неговиот пламенен, карактер и за богодаруваната огнена сила во него. Целата своја младост ја минал во богомислие и во молитва, повлекувајќи се често во пустината за во тишина да размислува и да се моли. Се смета дека пред крајот на светот, Илија повторно ќе се јави за да ја сотре силата на Антихристот.
Според Светото предание, во историјата на човештвото имало само тројца луѓе, живи земени на небото: апостолот Јован Богослов, Мојсеј и Илија, за кој се вели дека на ‘Огнена кочија‘ одлетал на небото, размисла и дискусија за СФ настан дел од секојдневието, минатото и Библијата.

Во македонското народно верување Свети Илија се смета за клучар кој го отклучува или заклучува небото и го пушта или запира дождот, бидејќи се верува дека тој повела со летните грмотевици и затоа народот го на нерекол Свети Илија, Громовник.
Останало забележано во записите на Марко Цепенков дека „во летно време кога да биет ровја, Св. Илија трчал со кочијата по облаци за да ја втаса ламјата и штотуку да ја втасал ќе врлел со еден камен морски и одошто силно ќе удрел со камчето, огон силен излегувало и кај и да удрело ќе расипело и убиело. Ламјата од страв кај ќе ѝ се вдаит, тамо ќе се скриет, за да не ја убиет. Тешко му кај ќе се скриет“.

*ГОЛЕМИОТ МАКЕДОНСКИ ПРАЗНИК ИЛИНДЕН кој во свеста на македонскиот народ најмногу асоцира на славното Илинденско Востание и на Крушевската Република, сепак во својата основа го има Свети Илија, лик од христијанската религија кој има значајно место и во народните верувања.
Од дeнешна дистанца, 117 години потоа, се чини дека сè уште постојат одредени стеротипни сфаќања околу донесувањето на одлуката за дигање на Илинденското востание. Како во историографијата, така и во печатените и електронските медиуми се уште кружат застарени стеротипи и оценки во смисла на легитимноста на одлуката за востание. Дека истата била наметната од поедини авторитети, дека е донесена одлука за предвремено востание, различни перцепции за не погодната меѓународна ситуација и други прашања и оценки кои во извесна смисла дури го девалвираат самиот чин на востанието, иако истовремено го величат како највисок дострел во револуционерната борба на македонскиот народ за независна Македонска држава.
Без разлика на сите контроверзи окулу Илинденското Востание, тоа е од непроценлива историска важност, секако заедно и со другите востанија Кресненско, Разловечко и др, останува како светла и афитмативна реалност во македонската историја со позитивен импакт на подоцнежните историски збиднувања, борба за слобода , надеж, просветлување ослободување од вековно наметнатите ропства.

*ИЛИНДЕНСКОТО ВОСТАНИЕ е востание против Отоманското Царство и претставува еден од најголемите и најзначајните настани од македонската историја. После подготовките за востание против Отоманското Царство, на 2 август 1903 година на православниот верски празник Св. Илија – Илинден започнало Востанието. Ова востание е познато како Илинденско, според денот на започнување. На почетокот на јануари 1903 година, Централниот комитет на ВМРО донел решение да се дигне востание летото истата година, иако за тоа немало поволна внатрешна и надворешна ситуација во Македонија, особено што на решението се спротивставиле неколку угледни револуционери, меѓу кои најпознат бил Гоце Делчев. Сепак, востанието означувало нова фаза од развојот на македонското национално и ослободително движење. На 2 август 1903 година, на Илинден почнало Илинденското востание во Македонија. Тоа најголем успех постигнало во Битолскиот револуционерен округ. Прво било ослободено Смилево, па Крушево – центарот на востанието. Потоа востанието постигнало поголем успех во Костурско и во Леринско. На 4 август 1903 година, ослободен е градот Клисура и го држеле во свои раце сe до 17 август. На 17 август истата година, востаниците од Костурско и од Леринско го ослободиле гратчето Невеска. Покрај тоа, биле ослободени повеќе костурски, лерински и преспански села, каде што била воспоставена народна власт. Најжестоки борби се воделе кај селото Езерец меѓу востаниците и помногубројниот османлиски аскер. Востаниците постигнале значителен успех и во Охридскиот револуционерен реон. Таму најжестоки востанички акции се воделе во Малесија, во Горна и во Долна Дебрца и на други места. Исто така, во Преспа имало жестоки борби со османлискиот аскер. Востаниците постигнале успех во Демирхисарско и во Кичевско, каде што биле ослободени повеќе села. До жестоки судири дошло во селата Прибилци, Карабуница и Извор, па дури се направил обид за ослободување и на градот Кичево.

*КРУШЕВСКАТА РЕПУБЛИКА ( од 3 до 13 август 1903), востаничка месна власт во времето на Илинденското востание. По ослободувањето на Крушево, 3 август 1903, била воспоставена востаничка власт, организирана врз републиканскодемократски и револуционерни начела, под претседателство на Никола Карев, началник на Горското началство, воена власт на слободната територија.
Највисок орган на цивилната власт бил Советот на месната револуционерна власт што се состоел од 60 членови. Советот избрал Привремена управа од 6 члена.
Во текот на своето десетдневно постоење Владата организирала револуционерен суд за кривични и за граѓански предмети, поштенска служба, санитетска служба со болница, леарница за куршуми, производство на востаничка опрема, бил распишан данок и започнало собирање доброволни прилози, извршена е реквизиција на предмети и објекти за потребите на востаничката власт и за одбраната на градот, претпријатијата биле национализирани, биле изработени неколку црешови топчиња, биле преземени мерки за фортификациско утврдување на градот за одбрана. Со декларација (позната како Крушевски манифест) било повикано муслиманското население од околните села да остане мирно.

*ПРВОТО ЗАСЕДАНИЕ НА АСНОМ Точно 41 година по Илинденското востание, во манастирот Св. Прохор Пчински во близина на Куманово 115 делегати го одржале Првото заседание на АСНОМ (Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија), на кое е потврдена општествено-правната положба на Македонија како рамноправна федерална држава во рамките на ДФ Југославија.

Заседанието го отворил Панко Брашнаров, најстариот делегат и сведок на двата Илиндена, со зборовите: „Денеска е Вториот Илинден, последен Илинден на не слободна Македонија, се ставаат темелите на македонската држава“.
Избран е Президиум на АСНОМ, во состав: Методија Андонов Ченто (претседател), Панко Брашнаров и Емануел Чучков (потпретседатели) и Љупчо Арсов и Владимир Полежиноски (секретари). Заседанието усвоило неколку документи со државнотворно значење – Решение за конституирање на АСНОМ како врховен законодавен и извршен претставнички орган на демократска Македонија, Решение за воведување на македонскиот јазик за службен јазик во македонската држава и Декларација за основните права на човекот и граѓанинот на демократска Македонија
*АКТУЕЛНО После три децениска самостојна, официјална МАКЕДОНСКА ДРЖАВА, што логично значеше дека требаше да заврши дискусијата околу тоа дали има македонска држава, македонска нација или македонски јазик, нешто со што се овенча тенденцијата на милениумска желба и борба на македонскиот народ, се дотогаш изборено , се стави на маса на раскрчмување. За да сега, бидеме поставени на маргините на историскиот опстанок, како народ со свој посебен историски идентитет, сопствена историска реалност, исконски македонски јазик, култура , традиција.
НО! Да бидеме горди на своето МАКЕДОНСКО ПОТЕКЛО! Имаме премногу докази, документирани факти, историска вистина, почувајќи од генеолошкиот развој како извонредно значаен чист посведочен зародиш, како свето светло сведоштво за нашиот прастар цивилизациски идентитет со континуитет се‘ до ден денешен!
Факт е дека премногу сме значајни во светската историја и актуелна реалност и како такви сме искрадени и историски и територијално и материјално и културолошки, но и понижени. На наши очи, за светското заговорништво против Македонскиот народ и држава, ни посведочија сите поданички слуги на темните господари, од типот на Ангела Меркел, Тереза Меј, Емануел Макрон и др, некои дојдоа лично да не избришат од карта на свеот.
*ВИСТИНАТА и Богот Сонце се на наша старна, дел од нас самите, СВЕТЛИТЕ!
Затоа каде и да се најдеме, нашата светлина, засветлува и во најголемата темнина!

ЗА МНОГУ ГОДИНИ ПРАЗНИКОТ ИЛИНДЕН, ВЕЧЕН ДА НИ Е!!!

Бидете дел од политичката партија „Родина Македонија“

https://www.rodina.org.mk/pristapnica/