Skip to content Skip to footer

МАКЕДОНИЈА НА ЖРТВЕНИКОТ ЗА ВЕЧНО ПОТКУСУРУВАЊЕ ВО ИМЕ НА (НЕ) МИРОТ НА БАЛКАНОТ И ПОШИРОКО

107 години од Букурешкиот договор, 10 август 1913г 19 години од Охридскиот рамковен договор 13 (10) август 2001г

Пишува Елизабета Чингарова Матевска

*НЕ СЛУЧАЈНО овакви црни настани, инсценирани во темните кулоари на заговорниците на најдолниот човечки род, тенденциозно се случиваат на ист датум. Симболиката на повторувањето на овакви грозоморни расчеречувања и бришења на еден народ, дефинирани на ист датум, дури и 100-тина години покасно, е со единствена цел, врежување на не афирмативното во колективната меморија со цел на дезорганизираност, пониженост, анксиозност, резингираност. По некоја не предвидена предходно не превземена активност вториот настан, официјално ‘касни‘ 3 дена, поради тобожното спротивставување на дел од потписниците и покажување на наводното нивно силно патриотско чувство. Но истите, под притисок на тешки дипломати, поради нивните не примерни криминални дејанија, си потпишаа ‘како попчиња‘, секако на штета на сувереноста на Македонскиот народ и Македонската држава.

*МАКЕДОНСКИ АСПЕКТ за решавање на Македонското прашање -На 1 март 1913 година, седум месеци пред потпишувањето на Букурешкиот договор, претставниците на Македонската колонија во ПетроградГаврил КонстантиновичДимитрија ЧуповскиНаце Димов и Александар Везенков потпишале  ‘Меморандум за независност на Македонија‘ и му го предале на министерот за надворешни работи на Велика БританијаЕдвард Греј, и на амбасадорите на големите сили во Лондон. Со меморандумот Димитрија Чуповски изработил и карта на Македонија во боја со сите специфичности што ги докажувале посебноста и причините за самостојност на Македонија. Со аргументирано елаборирање за потребата за доделување на независност на Македонија во нејзините етнички, природни, економско-стопански граници. Воедно се истакнува и борбата на Македонците за слобода и сопствена држава и нивното рамноправното учевство во Пртвата балканска војна. Меѓу тоа, поради сопствените интереси и во отсуство на било какво чувство за реалност за македонскиот народ, големите сили судбината на Македонија  ‘оставиле да ја решат завојуваните балкански држави‘.

-Според документи од американските и британските архиви, САД сакале решавање на македонското прашање уште во 1912 година! Но Велика Британија била решително против создавање на каква било македонска државност, со образложение дека автономија значи исто што и независност. Познати се заложбите на Американскиот претседател Вудро Вилсон, преку неговиот преставник Михајло Пупин на Мировната конференција во Париз за добивање на автономија на Македонија. Но и контроверзниот Меморандум до претседателот на конференцијата, од Александар Протогеров и Тодор Александров, двајца од  тројцата членови на ЦК на ВМРО, во кој македонското население го нарекуваат “македонски Бугари” и бараат приклучување на Македонија кон Бугарија, што предизвикало голем внатрешен судир во организацијата. 

-Др Алберт Либиер и Џејмс Баучер дејствувале заеднички и паралелно. Д-р Алберт Лимиер во мај 1919 година поднел до Париската мировна конференција Меморандум, со кој се предвидувало решение на македонското прашање. Основната идеја била создавање Автономна Македонија од деловите “освоени од Бугарија, Србија и Грција“, кои би се обединиле во една политичка целина, со што би се формирала независна држава, која “никогаш не ќе се обедини со ниту една од соседните држави“.

*БАЛКАНСКИТЕ ВОЈНИ  се две војни, на Балканскиот полуостров во 1912 и 1913 година.  ПРВАТА балканска војна, 8 октомври 1912г, откога Бугарија , Грција, Црна Гора и Србија, формирале Балкански Сојуз против Османлиското царство. Војната завршила со потпишување на мировен договор во Лондон (30 мај 1913г) . Каде поразената Турција со цел да задржи попоголема територија на Балканот, предложила да им даде автономија на на Македонија и Албанија под нејзин суверенитет. Нешто што не било прифатено од големите сили, кои имале друг план, посебно со Македонија. Албанија добила независност а предлогот за независноста на Македонија бил грубо одбиен. Поради незадоволството од распределбата на територии посебно од страна на Бугарија на 16 јуни 1913г започнала ВТОРАТА балканска војна која завршила со мировниот договор во Букурешт.

*БУКУРЕШКИОТ ДОГОВОР од 10 август 1913 година бил договор потпишан помеѓу завојуваните страни во Втората балканска војна: Србија, Црна Гора, Романија и Грција од една страна и Бугарија од друга страна. Со распарчувањето во Букурешт, Македонија од централен и најзначаен дел од Балканот станала периферија и провинција на Балканските земји. Веднаш потоа започнало  асимилирање на Македонското население во Јужни Срби, Бугари, Славофони Грци и Албанци. Дури и во пребројувањето на жртвите и загубите во Втората Балканска војна македонското име не се споменувало, иако војната главно се водела на територија во Македонија. Најголем број од војската бил мобилизиран токму од македонскиот народ, кој војувал и гинел меѓусебно во име на завојувачите! Според извештаите, Србија загубила 44.500 луѓе, Црна Гора 1.400, Грција 20.000, а Бугарија 93.000 луѓе. Вкупно 158.000 луѓе, од кои огромен број се Mакедонци, никаде ни запишани , ни заведени , ни опеани…

Наведениве факти  недвосмислено докажуваат дека балканските  војни се подготвувале и се воделе за поделба на Македонија. Единствениот принцип врз кој се одредувале и се поставувале границите било правото на посилниот, односно оружјето.

Букурешкиот мировен договор претставува единствен меѓународен договор што не го потпишале сите големи сили, затоа што бил во голема мера против нивните интереси. Исто така, големите сили не ги зеле предвид барањата на македонскиот народ, чии претставници, од повеќе асоциации, особено од Русија и Швајцарија, интервенирале да се зачува идентитетот на македонскиот народ и единството и целината на македонската територија.

*НЕКОИ ОД МАКЕДОНСКИТЕ ИСТОРИЧАРИ сметаат дека не е можна ревизија на овој договор, бидејќи тој е меѓународен договор, за кој не постојат тајни анекси (долго се шпекулираше или беше реалност ‘изгубената прва страница од договорот‘) и се однесува само на разграничување на територии помеѓу завојуваните страни.

Букурешкиот договор е комплот (заговор) против постоењето на Македонска држава, иако тогаш со сигурност владеело мислењето дека тоа ќе се случи, дури и пред албанската независност. Реалноста е таа што големите сили имаа свој план со Македонија и тој го реализираа во целост!

Букурешкиот мировен договор од 1913 година е од светски карактер кој уредува регионални односи и не може да се заобиколи од која било држава. Република Македонија е ‘новопојавена‘ држава на простор кој е директно под влијание на овој договор и мора директно и формално-правно да се изјасни во врска со овој договор.

За жал Република Македонија, досега, не го искористи Букурешкиот мировен договор од 1913 година во своја корист, посебно не во преговорите со Грција и договорот со Бугарија. Правно и дипломатски останува реалната правна база дека Република Македонија треба одлучно и директно да се повика на Букурешкиот мировен договор од 1913 година и таков каков што е, да го признае или не го прифати и да побара истиот да биде или ревидиран или дополнет и усогласен (прецизиран) со денешните состојби на меѓународното право. Посебно со правото на самоопределување на македонскиот народ кој живее на окупираните територии.

(Точно е дека со Уставот на Република Македонија се признати постоечките државни граници со соседните држави, дека Република Македонија нема да се меша во внатрешните работи на соседните држави и дека нема територијални претензии кон соседните држави. Иако овие уставни определби се во склад со овој договор, сепак се општи и неопределени).

*МАКЕДОНСКИ МАНИФЕСТ, по повод 100 г од Букурешкиот договор, протестно јавно го запали на 9 август 2013

‘‘ Наше основно прашање на овој црн јубилеј е како да се одбраниме од вампиризмот на новиот Букурешт на истите европски сили, кој сака да не докрајчи, сега со замисленото менување на името. Одговорот е само со цврсто национално единство, храброст и самопочит, доблести кои, за жал, денес ги имаат само уште малите и столчени, а не империјалните и суетни народи. Ние групата Македонски манифест за таа цел, под мотото „Името е нашата татковина“, го повикуваме македонскиот народ на единство и натпартиска слога и свест. Го повикуваме да се разбуди и цврсто да застане во исконот на својот идентитет, од кој впрочем и никогаш не излегол, да се побуни против неговата изолација од срамните преговори за името и да им каже не на сите што прават сметка во крчма без него‘‘ -рече поетот Ефтим Клетников.

*ОХРИДСКИОТ РАМКОВЕН ДОГОВОР (ОРД), е договор за внатрешното уредување на малцинските права во Република Македонија, потпишан на 13 август 2001 година помеѓу претставниците на тогашните најголеми политички партии и специјални претставници на ЕУ и на САД. Охридскиот договор е склучен во текот на ескалацијата на насилства помеѓу етнички албанската ОНА и државните одбрамбени македонски вооружени сили во тн Конфликт од 2001. Поради тоа, многу граѓани, особено од македонска националност, го сметаат договорот за насилно изнуден и неприфатлив. Посебно што воениот конфликт се случува после косовската војна во која Македонија широко ги отвори вратите за косовските бегалци (360.000), а реално можеше да прими максимум 20.000. Бегалците кои преставува 11% од вкупното население и цела таа изрежирана хаварија со цел дестабилизација на државата, ја стави државата во незавидна загрозувачка состојба, како безбедносна, така загрижувачки финансиска, со намалување на македонската економија од 10%. Без разлика на тоа дали тогашниот Устав на државата имал недостатоци, крајно неприфатливо е посегањето со оружје за да се извојуваат права, кои впрочем во целост беа на ниво на светските малцински норми. Повеќе од јасно е дека оружениот напад, потпомогнат од надвор, беше со цел на завојување на територии.

И денес експертите и граѓаните се се‘ уште поделени околу тоа дали Охридскиот договор е извор на стабилност или напротив, извор на не стабилност за Република Македонија. Сепак, договорот и понатаму доследно се спроведува и се претвори во платформа за промоција и заштита на правата на припадниците на албанската етничка заедница.

Преговорите се одвивале во Вилата Билјана во Охрид во текот на јули и август 2001, каде што е и парафиран договорот на 10 август 2001. Преговорите биле мошне напнати, бидејќи се одвивале паралелно со вооружени непријателства помеѓу двете страни. Со континуиран мониторинг на меѓународната заедница со инсистирање на пропорционален напад и одбрана од страна на македонските одбрамбени сили!? Во неколку наврати постоела можноста да се прекинат преговорите и конфликтот да ескалира во отворена граѓанска војна. Според некои информации во преговорите индиректно, телефонски, бил консултиран и Али Ахмети, иако тој формално не бил учесник на преговорите.

Преговорите траеле речиси еден месец и во нив учествувале претседателот на РМ Борис Трајковски, претставниците на политичките партии: Бранко Црвенковски, прет на СДСМЉубчо Георгиевски, прет на ВМРО-ДПМНЕИмер Имери, прет на ПДП, и Арбен Џафери, прет на ДПА, потоа претставници на ЕУ: Франсоа Леотар и Хавиер Солана, претставници на САД: Питер Фејт и Џејмс Пердју, разни советници и експерти.

После парафирањето од 10 август и завршувањето на преговорите во Охрид, на 13 август 2001г во Скопје, договорот е потпишан од-

Како гаранти на договорот од меѓународната заедница, потписници на договорот се и специјалните претставници: Франсоа Леотар, претставник на ЕУ и Џејмс Пердју, претставник на САД.

Рамковниот договор целосно и без условно ја отфрла употребата на насилство за остварување на политички цели. Само мирни политички решенија можат да ја гарантираат стабилната и демократска иднина на Македонија. Суверенитетот и територијалниот интегритет на Македонија и унитарниот карактер на државата се неповредливи и мора да се сочуваат. Не постојат територијални решенија за етничките прашања. Во тој контекст, Договорот предвидува целосен прекин на непријателствата, разоружување на етничките албански вооружени групи и нивно целосно распуштање.

Охридскиот договор потенцира дека развојот на локалната самоуправа е од најголемо значење за почитување на идентитетот на заедниците. Со Рамковниот договор се предвидува да се ревидира Законот за локална самоуправа со кој ќе се зајакнат овластувањата на избраните локални претставници и значително ќе се зголемат нивните надлежности во согласност со Уставот и Европската повелба за локална самоуправа.

Договорот предвидува целосно почитување на принципот на не дискриминација и рамноправен правичен третман на сите лица пред законот. Овој принцип особено ќе се применува во однос на вработувањата во јавната администрација и јавните претпријатија. Во Уставниот суд, една третина од судиите ќе се избираат од страна на Собранието, со мнозинство од вкупниот број на пратеници, припадници на заедниците. Истата постапка важи и за изборот на Народниот правобранител и на тројцата членови на Судскиот совет.

Новина е што на централно ниво, уставните амандмани и законите за локална самоуправа нема да можат да се усвојат без квалификувано двотретинско мнозинство, но и без тн бадентерово мнозинство. Истиот принцип важи и за донесување на закони што директно ги засегаат културата, употребата на јазикот, образованието, личните документи и употребата на симболи, како и законите за локално финансирање, локални избори Во однос на основното и средното образование, наставата ќе се изведува на мајчините јазици на учениците. Финансирање од страна на државата ќе се обезбеди за високо образование на јазиците на кои што зборуваат најмалку 20% од населението во Македонија. Низ цела Македонија и во нејзините меѓународни односи службен јазик е македонскиот јазик. Кој било друг јазик што го зборуваат најмалку 20% од населението, исто така е службен.

Во однос на симболите, Охридскиот договор предвидува непосредно до симболот на Македонија, локалните власти да може на предната страна од локалните јавни објекти да постават симболи со кои се обележува индентитетот на заедницата која е мнозинство.(?)

За успешно спроведување на Договорот, подоцна е формиран Секретаријатот за спроведување на Охридскиот рамковен договор (2004), кој е дел од Владата на Република, а започнал да функционира од јануари 2008 година. Секретаријатот, агенција, има задача да го спроведе целосно договорот и да обезбеди административна и стручна подршка на заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за спроведување на рамковниот договор.

Во контекст на ОРД донесени се окулу 130 закони, помеѓу кои и закони за Употреба на јазиците (албански јазик ) во три наврати, август 2008, јули 2011 со финализирање на последниот контроверзен закон (дел од тн Тиранска платформа) од јануари 2018 со повторна кратка расправа и постапка од јануари 2019 со што албанскиот јазик стана изедначен со македонскиот јазик во сите сфери на употреба. Во едно беше злоупотребена употребата на тн европско знаменце за состојба која не соодветствува за овакви законски постапки, без никаква препорака од венецијанската комисија и ЕУ. Во октомври 2012г, Уставниот Суд, уставните судии се едногласни во одлуката да не се оценува уставноста на Законот за амнестија (2002)на ‘борците‘ на ОНА. Уставниот суд во два наврати ги отфрли двете иницијативи што се однесуваа на истиот закон.  Двете иницијативи ги поднесоа семејствата на киднапираните Македонци од тетовскиот крај. Судиите исто така ја отфрлија и втората иницијатива што се однесуваше на амнестијата на Хашките предмети. Така, како награда на сторените не дела многу од учесниците во воениот конфликт од 2001г добија значајни работни места и високи функции во државните служби, администрација, јавни претпријатија, министерства. Бројките укажуваат за крајно не принципелни вработувања , стручно не професионално не адекватно, процентуална прекумерна бројност на сметка на македонското население, децениско примање плата од администрацијата за не постоечки работни места на голем број од албанското население.

*ПРЕЗЕНТИРАЈЌИ ги накратко овие два комплота, нагласувајќи го симболичното значење на потпишувањето на ист датум, несомено се дел од континуираниот заговор против опстанокот на Македонскиот народ пред се‘, но и на Македонската држава де факто. Историската вистина изобилува со премногу факти кои го документираат заговорништвото. Ако со Букурешкиот договор се стави крај за постоење на Македонска држава, со Охридскиот договор се етаблира стартот кон финиширањето на убивањето на Македонската држава, која некако им се промакна, намерно или случајно, а суверено потврдена на референдумот од 8 септември 1991г. Ако во 1913 г Македонија дефинитивно се подели помеѓу Србија, Бугарија, Грција и Албанија. Во 2001г Македонија ја изгуби унитарноста на државата и стана полигон за исполнување на големоалбанските аспирации, сепаратизмот, шовинизмот. Македонија стана жртва на не скромните апетити на албанските партиски лидери и радикали, кои со сите сили во вистинска смисла на зборот, дејствуваа, војуваа и понатаму работат на тоа да создадат втора односно трета албанска држава, со ‘оправданието‘ дека македонците се окупатори на нивна територија! (И после 19 години племенскиот вожд повикува на обединување за доостварување на сонот (американски), ‘‘ Како што се обединивме во 2001г, така да се обединиме и сега, затоа што тие (македонците) секогаш дигаат БЕЛО ЗНАМЕ, кога сме обединети за остварување на нашите барања во оваа земја‘‘.)

*И ќе завршам со една реченица на почитуваниот пријател на Македонија Ханс-Лотар Штефан- ‘‘Окупатори!? Македониците окупатори во сопствената земја!? Зарем никој нема храброст да ги запре Албанците и да им каже дека тие како натрапници во Македонија се вистински окупатори!?‘‘

Бидете дел од политичката партија „Родина Македонија“

https://www.rodina.org.mk/pristapnica/