Македонците во сопствената држава за 28 години независност имаат се помалку човекови права.

Македонецот преку својата вековната борба за слобода и сопствена држава, конечно после многу жртви и пролеана невина крв, после втората светска војна а во рамките на југословенската федерација се избори за својот вековен стремеж. Оваа борба се круниса со референдумот за независност во 1991 год.  Но и покрај формалната слобода, многу основни човекови права останаа неостварени. Во една, колку е можно, куса форма ќе се обидеме да ги представиме основните човекови права опфатени од Универзална декларација за човекови права (УДХР) декларација донесена од Генералното собрание на Обединетите нации на 10 декември 1948 г. во дворецот Шајо, Париз. Поради интерес на просторот и изобилството со содржини ќе го опфатиме периодот од осамостојувањето па до денес.

До 2001 година конкурирањето за било кое државно место, работно или едукациско, се добиваше врз основа на лични квалитети. По наметнатиот со војна рамковен договор, прв критериум за добивање на нешто од државата стана да бидеш немакедонец.

Се понизкиот животен стандард исто така ги нарушува човековите права на Македонците.

Сиромаштијата до која не донесоа за овие 28 години е нарушување на правото на достоинствен живот задоволен со основните животни услови, кров над главата, струја, вода, затоплување, соодветна исхрана, соодветно образование и соодветен културен живот. Досегашните владеачки партии ниту еднаш не пресудија некој актер од криминалната транзиција на општествен капитал, ниту вратија барем и најмал дел од украдените пари. За жал и територијата на која живеат Македонци се смалува од година во година, но не по наша вина а поради туѓи интереси.

На власт за овој период се две доминантни политички партии, менторирани од западни политички елити со сомнителни цели. Доколку овие две партии ги оставиме наизменично да владеат негативниот тренд ќе продолжи.

Член 1. Сите човечки суштества се раѓаат слободни и еднакви по достоинство и права. Тие се обдарени со разум и совест и треба да се однесуваат еден кон друг во духот на општо човечката припадност.

Сведоци сме дека во светот, ОН, на Балканот но и во Македонија, ние Македонците не се раѓаме еднакви по достоинство и права, а во некои делови на балканот Македонците живеат поробени. Ние немаме исти права како и нашите соседи. Немаме право на свој идентитет, култура, историја и своја држава.

Член 2 . Сите права и слободи наведени во оваа Декларација им припаѓаат на сите луѓе, без оглед на нивните разлики, како што се : раса, боја, пол, јазик, религија, политичко или друго убедување, национално или општествено потекло, сопственост, раѓање, или друг статус.

Заборавиле да наведат дека исклучок се Македонците. Како во минатото, така и денеска, во 21век, оваа декларација на основни човекови права им припаѓа на сите, освен на нас, поради национална и религиозна припадност.

Член 3. Секој има право на живот, слобода и сигурност.

Секој, освен Македонецот. Во воената агресија од соседната територија под ингеренции на ОН, а стимулирана и поддржана од одредени странски западни воени организации и со активно учество на радикални припадници на едно од малцинствата, Македонците беа протерани од своите вековни родни огништа. Историјата кажува дека ова е честа практика на западните сили со помош на балканските соседи. До денеска ниту предавничките партии сдс-дпне ниту некоја меѓународна организација или странска влада не превзема ништо за да се заштитат Македонците и нивните права на сопствен имот и мирен живот на него.

Член 4. Никој нема да биде роб или потчинет; ропството и трговијата со робови ќе бидат забранети во сите нивни форми.

Во сопствената држава, Македонците, кои се мнозински народ во државата Македонија, се потчинети на одредени малцинства. Првото кое со свои 15% застапеност завзема повеќе од 50% од раководните позиции во државата а сето ова издејствувано со воена интервенција од надвор. Тука е присутно уште едно навидум минорно малцинство кое од претходно држеше 40% од клучните раководни позиции, претежно економски најдоходовни. Останатите 10% се македонските предавници.

Член 5. Никој нема да биде подложен на тортура или на суров, нехуман или понижувачки третман или казна.

Македонци се затвараат во сопствената држава на политичка основа и без пресуди. Во затворите се изложени на сурови услови и тортура и малтретирање од државните служби и нивни послушници, криминалци.

Член 6. Секој има право насекаде да биде признаен како личност пред законот

Не сме признаени како личности какви што сме, туку нѐ обликуваат по нивни мерки. Го менуваат личниот идентитет на Македонецот.

Член 7. Сите луѓе се еднакви пред законот и на сите им припаѓа, без никаква дискриминација, еднаква заштита со закон. На сите им припаѓа еднаква заштита од каква и да е дискриминација, што е во спротивност на оваа Декларација и од какво и да е поттикнување на таква дискриманција.

До 2001 година конкурирањето за било кое државно место, работно или едукациско, се добиваше врз основа на лични квалитети. По наметнатиот со војна рамковен договор, прв критериум за добивање на нешто од државата стана да бидеш немакедонец. Немакедонците се стекнаа со право со неквалитет да бидат над Македонците со квалитет. Ова е давање на привилегии на некој што е со немакедонско етничко потекло, а укинување на основно човеково право на Македонците. Ова е нарушување на правото на еднаквост и недискриминација. Имаме терорист на власт и мирни граѓани во затвор со апсурдни пресуди. Се почесто сме сведоци на прекршители на законот од страна високи функционери или нивни блиски, но разрешница нема. Нарушено право на фер судење.

Член 8. Секој има право националните судови ефикасно да го заштитат од кршење на основните права кои му се признати со уставот и законите.

Кај нас судувите се повеќе наликуваат на антинационални, односно на антимакедонски. Се суди и затвора сѐ што е македонско.

Член 9. Никој човек нема да биде подложен на произволно апсење, притвор или прогонување.

Произволното апсење, притварање и прогон станаа општествено секојдневие и основна политичка алатка на сите досегашни влади а најприсутни за жал се кај актуелната наметната т.н. власт.

Член 10. Секој има потполно еднакво право на праведно и јавно судење пред независен и непристрасен суд, при одредувањето на неговите права и обврски и во услови на какво и да е кривично обвинение против него.

Како може да има непристрасно судење, кога судиите се избираат во партиските штабови и дувлата на криминалците.

Затоа мили мои напатени Македонци,  #БОЈКОТ на предстојните претседателски избори.

Текстот продолжува, а борбата сеуште трае . . .