ОДРОДУВАЊЕ!

You are currently viewing ОДРОДУВАЊЕ!

Долго време нашиот наРОД и РОД Словенски, е предмет на разни западно елитистички модели за негово уништување. Од првите концентрациони логори, етнички чистења, промена на етничка карта, поделби, манипулации, социо-економски-идеолошки експерименти, денеска и моделот на Сеопфатно Сексуално Образование.

Сеопфатното Сексуално Образование за нашите деца кое насилно се турка од западните неолиберални идеолошки центри, преку невладини организации финансирани од нив и одродена власт инсталирана од нив, претставува грубо кршење на нашите морални, идеолошки, духовни принципи, врз кој е подигнат македонскиот начин на живеење, традиционално семејство, нашето РОДителствување, РОД, наРОД, РОДина Македонија.

Нашите македонски деца, се нашата најголема грижа и обврска, на секој еден Македонец, Македонка.

Денеска ѓаволот ја однел шегата, денеска сакаат РОДот да го одвојат од детето, да го одвојат од семејството, од Бога, од невиноста на детскиот ум, игра, да го внесат во нивните темни ходници, од кои ретко кој нормален и здрав излегол.

Ако ја погледнете историјата на Македонија, ќе ги видите прекрасните соларни симболи, домот на големата МАјка, децата на МАкедонија, со нашите прекрасни дела на писменост, закони, духовност, универзитети, театри, почитување и после 2000 години кога ќе се спомене Македонија, Македонец, на истокот.

Не сме ние тие кои треба да го реформираме нашиот начин на живеење, туку тоа се тие, кои отпаднаа од природата и кои креваат свет без Љубов, без Бога, без Род, без наРод, во разврат, блуд, секс, кондоми, шарени лаги и лижавчиња.

Родина Македонија грижата за децата ја вгради во својата програма во делот за семејството, ние го предвидовме сето ова.

Ви пренесуваме дел од програмата:

  • Забрана за секаква идеолошка и друга индоктринација на деца од страна на политички и невладини организации,ЛГТБ заедницата и други туѓи влијанија, со принципи спротивни на македонските традиционални вредности,.
  • Слободен развој на детето во универзалните и традиционални вредности.
  • Заштита на детето од содржини кои веќе се дел од македонскиот медиумски простор, а кои ја имаат истата улога на идеолошка и друга индоктринација.

Упатуваме јавен повик до сите организации кои се во вредностите на нашиот македонски наРОД и нација, до секој еден Македонец, Македонка, да го одбраниме детето од манипулативните системи на одРОДените.

Страшни ќе бидат последиците по идните генерации кога би биле воспитувани во тој недух, ќе не проколнуваат, зошто не сме ги одбраниле.

А тоа е крај на еден наРОД, нешто што токму креаторите на овие системи, одамна го посакуваат за нас Македонците.

БИДЕТЕ ДЕЛ ОД ВРАЌАЊЕТО НА МАКЕДОНИЈА

https://www.rodina.org.mk/pristapnica/