Родина Македонија ја поздравува посетата на делегацијата на Руската православна црква предводена од Претседателот на Одделот за надворешни црковни односи на Московската патријаршија митрополитот Волоколамски Антониј.
Посебно нѐ радува вистинската братска соработка со нашата древна црква, како Македонска православна црква – Охридска архепископија.
Духовното единство на црквите на двата братски славјански православни народи е повеќе од потребно, поготово во услови кога традицијата, моралот и верата сѐ поотворено се разнебитуваат од страна на моќни глобални центри.
Бидете дел од Родина Македонија, дел од новиот #постзападен, #мултиполарен свет!