Skip to content Skip to footer

ПОСТОЈАНО НОСЕЊЕ МАСКА – НАУКА ИЛИ НЕШТО ДРУГО?

Министерот Филипче и Комисијата за заразни болести доставија предлог Одлуки до Влада на Република Македонија во врска со анти-корона мерките.
Покрај предлогот за забрана за групирање на повеќе од четири лица, како и забрана за одење по гости на повеќе од четири лица, друга предлог-мерка е задолжително носење маски и на отворено. Правилото не би важело при спортување, за деца до шест години и за лица кои се возат во исто возило, а живеат во исто домаќинство. Не е јасно врз основа на кои закони, препораки или медицински докази Комисијата го дава овој предлог.
Оваа предлог-одлука бара два осврти: правен и медицински аспект.

Правен аспект:
Во Член 8 од Уставот стои дека: „Во Република Македонија слободно е сѐ што со Уставот и Закон не е забрането“. Од ова произлегува дека треба со Закон да се забрани движење без маска на јавен простор.
Член 11 вели дека: „Физичкиот и моралниот интегритет на човекот се неприкосновени. Се забранува секој облик на мачење, нечовечко или понижувачко однесување и казнување“.
Член 14 вели дека: „Никој не може да биде казнет за дело кое пред да биде сторено, не било утврдено со закон или со друг пропис како казниво дело и за кое не била предвидена казна“. Од ова произлегува дека треба да има Закон кој ќе го предвиди како казниво или прекршочно дело – неносење маска, за да некој биде казнет.
Дали постои Закон со кој се забранува слободно движење без маска или само уредба чија законска сила престана да важи со укинувањето на вонредната состојба? Сите казни и цело полициско малтретирање, до сега, е според член 6 од Уредбата донесена на Влада во време на вонредна состојба. Дополнително, самата Уредба сѐ уште не е потврдена на седница на Собрание.

Платен налог за казна за неносење маска според член 6 од Уредбата со законска сила

Медицински аспект:
Јавно го повикуваме министерот и Комисијата за заразни болести да објават информации за научно-медицинските докази или препораки на основа на кои ги дадоа овие Предлог анти-корона мерки. Дали предлогот е основан на медицина базирана на докази како што често милуваат да кажат или е политичка одлука?
Ќе цитираме само една пракса во светот: Норвешкиот институт за јавно здравје не препорачува носење маски од страна на здрави луѓе секогаш и на секое место. Според нивните проценки „Дури и ако се претпостави дека маските се ефикасни, разликата во стапката на инфекција помеѓу оние кои носат и оние кои не носат маски би била мала. Доколку претпоставиме дека 20% немаат симптоми и претпоставиме дека маските го намалуваат ризикот од пренос за 40%, 200.000 луѓе би требало да носат маска за да се превенира 1 инфекција неделно“.

https://www.fhi.no/en/publ/2020/Should-individuals-in-the-community-without-respiratory-symptoms-wear-facemasks-to-reduce-the-spread-of-COVID-19/

Родина Македонија студиозно ги следи препораките од СЗО, како и релевантните научни и медицински докази за ефикасноста/неефикасноста на маските во заштита од било какви вируси, па и коронавирусот, како и користа/штетата од долготрајното носење маски и најостро ги осудува предлог-мерките на Комисијата за заразни болести и министерот за здравство.
Ја повикуваме Комисијата за заразни болести и министерот за здравство ВЕДНАШ да престанат со ширење паника во јавноста, да направат дистинкција помеѓу заболени и позитивни на ПЦР тестот за кој самиот пронаоѓач, како и производителот кажуваат дека не треба да се користат во дијагностички цели и дека може да дадат погрешни резултати и да почнат да даваат реални анализи за вкупните смртни случаи, компаративни по години.

Исто така, ги повикуваме медиумите да започнат со анализа на податоците кои ги објавува Институтот за јавно здравје и реално да ги прикажуваат починатите ОД КОВИД-19 односно да прават дистинкција помеѓу оние кои починале со некаков коморбидитет или без него, иако и последново е под знак прашалник на веродостојност заради природата на тестовите.

РОДИНА МАКЕДОНИЈА секогаш се залага за заштита на индивидуалните и колективните права, заштита на домот, децата, семејството, природата. РОДИНА МАКЕДОНИЈА е отворена за соработка со сите организации, здруженија, поединци кои се проактивни, активни и се залагаат за исти човечки вредности, за доброто на сите. Затоа ја поддржуваме иницијативата за собирање изјави во прилог на БАРАЊЕ ЗА УКИНУВАЊЕ НА МЕРКАТА НОСЕЊЕ МАСКИ (ПЕТИЦИЈА).

ВО ЗАЕДНИШТВОТО Е СИЛАТА!

Изјавата која ќе ја најдете на следниов линк (https://bit.ly/3d7clgY) потребно е да ја пополните, испечатите и однесете на нотар за заверка. Заверка чини 150 денари. Оваа изјава може да ја пополни секој кој не се сложува со оваа мерка. Потоа оригинал заверената изјава потребно е да ја испратите на следнава адреса:
Адвокат Љупка Еленова
Антон Панов 22, Скопје (Водно)
Или директно во сандаче на истата адреса.