Родина Македонија

Кои сме ние

Ние сме обичниот македонски народ, ја делиме судбината со мнозинството и се залагаме за правда и еднаква можност за сите.

Зошто ние

Ние започнавме да се организираме во тоа што е одлика на нашиот народ. Чест, морал, соборност, традиција и систем на вредности.

Каде сте вие

Без вас, сето ова е залудно. Силата е во разбудената единка која работи заедно со други единки, за доброто на целиот народ и нација.

Како започна

Започна како активизам на улица, за Македонија.Предадени од политичките структури решивме да кренеме Организација на народот.

Нашите Ставови Реакции Соопштенија

РОДИНСКИ РАЗГОВОРИ
Redeakcija

РОДИНСКИ РАЗГОВОРИ, 11.4.2025

ТЕМА: „ТЕРОРИСТИ ИЛИ ХЕРОИ“ УЧЕСНИЦИ: ТОМЧЕ ШИРКОВ – Претседавач на претседателството на Родина Македонија ВИЛИ ГАЈДА МИХАЈЛОВСКИ – Уставобранител, осуден за суверена Македонија На нашиот јутуб канал и на Х (твитер) платформата https://www.youtube.com/@rodinamakedonija

Прочитај повеќе »
Колумна
Redeakcija

МИТРИДАТ И ДЕНЕШНИОТ МАКЕДОНЕЦ

Пишува: Коста Јовчевски – Корчагин, член на Претседателството на Родина Македонија Не знам дали властите во Република Македонија (минати, сегашни, а можеби иидни) имале и/или имаат намера да ни ги соопштат параметрите кои се однесуваат назагадувањето, но вестите и бројките по ова прашање на некаков начин протекуваат војавноста. Според нив,

Прочитај повеќе »
Реакција
Redeakcija

ОД ЈАЛОВИНА ДО ЦИЈАНИД ВО КРИВА РЕКА, 13 ДЕНА!

Повторно корупција! Јавноста на 13 март беше информирана за излевање јаловина од рудникот „БУЛМАК“ во Крива Река . На надлежните институции и општината им беа потребни 13 дена за да го информираат населението дека во реката всушност истекло смртно опасните цијанид, олово и арсен, што претставува директна закана по здравјето

Прочитај повеќе »
Реакција
Redeakcija

5 ГОДИНИ ОД ЧЛЕНСТВОТО НА „СЕВЕРНА“ ВО НАТО!

На денешен ден во 2020 година „Северна Македонија“ и „северномакедонците“ станаа членка на НАТО. Формулацијата „северномакедонци“ не е случајна, таа се почесто се користи од НАТО алијанста. Првпат во историјата на Македонија и македонскиот народ, тој е на погрешната страна на историјата, на агресорите, натрапниците, поробувачите, експлоататорите, насилниците. Учествуваме индиректно

Прочитај повеќе »
РОДИНСКИ РАЗГОВОРИ
Redeakcija

РОДИНСКИ РАЗГОВОРИ, 28.3.2025

ТЕМА: ТРАГЕДИЈАТА, СИСТЕМОТ И НАРОДОТ УЧЕСНИЦИ: ТОМЧЕ ШИРКОВ – Претседавач на претседателството на Родина Македонија СТЕФАН АЦКОВСКИ – Претседавач на Родина Млади ЗОРАН ЈОВАНЧЕВ – Член на претседателството на Родина Македонија На нашиот јутуб канал и на Х (твитер) платформата https://www.youtube.com/@rodinamakedonija

Прочитај повеќе »
Соопштение
Redeakcija

СОЧУВСТВО ДО СЕМЕЈСТВАТА НА ЗАГИНАТИТЕ ОД ПОЖАРОТ ВО ДИСКОТЕКАТА ВО КОЧАНИ!

Родина Македонија искажува длабоко сочувство до семејствата на загинатите од пожарот во дискотеката во Кочани. Нашите молитви ќе бидат со вас, Бог да ви даде сила! Се молиме и за брзо оздравување на повредените од овој трагичен настан!

Прочитај повеќе »

РОДИНСКИ РАЗГОВОРИ

СЕКОЈ ПЕТОК21:30 ЧАСОТ ВО ЖИВО НА ФЕЈСБУК СТРАНАТА НА РОДИНА МАКЕДОНИЈА
Во живо

Родински разговори

Родински разговори секој петок во 21:30 на фејсбук страната на Родина Македонија. 

Најгледана емисија во нашите Родински Разговори беше со почитуваната Мирка Велиновска. емисија која траеше  2:30 минути. 

Најчесто поставувани прашања

Родина е инцијатива произлезена од народот, народ кој од 1991 се залага Македонија да стане современа држава во која законот ќе важи за сите подеднакво, а Македонија ќе стане пристојно место за живеење на македонскиот народ и сите граѓани.

Исклучиво трудољубивиот и чесен македонски народ.

Ние сме уверени дека вештачките воено-хушкачки творби ЕУ и НАТО кои ни се распаѓаат пред очи наскоро нема да постојат и нашата програмска цел е да ја подготвиме Македонија за надоаѓачката геостратешка реалност и единствена природна опција за следните најмалку 100 години, а тоа е идејата на Шарл де Гол за Евроазија од Лисабон до Владивосток, како заедница на слободни и суверени народи.

Сите држави кои ја почитуваат Република Македонија, македонскиот народ, неговиот идентитет, јазик, култура и историја во иднина ќе бидат стратешки партнери во креирањето на надворешната политика на РОДИНА. Партијата во формирање има за цел да остварува билатерални односи со сите меѓународни фактори кои го почитуваат меѓународното право на самоопределување и суверенитет на секој еден народ, а со тоа и на македонскиот народ и кои би и помогнале на Република Македонија во остварувањето на нејзините стратешки цели.

Родина е партија која дејствува во Република Македонија но е отворена за членство на сите Македонци моментално зад границите на татковината. Уште повеќе, Родина ќе ги повика сите Македонци да се вратат во својата земја и ќе им даде државјанства, пасоши и ред погодности за полесно враќање со семејствата и пуштање нов корен на нашата родна грутка.