Skip to content Skip to footer

Појдовна Точка за Ре-Државизацијата на Македонија – Крај на Процесот на Де-Државизација Применуван од Поразените Неолиберални Глобалисти!

Анализа на Глобалистичкиот Процес на Де-Државизација како Појдовна Точка за Ре-Државизацијата! – Вистинскиот Македонски Пат – Основаност на Програмата Вистинскиот Македонски Пат (ВИДЕО Четврти Дел)

Процесот на де-државизација се одвива подолго време и почна со оделувањето на Централните (Народни) Банки под превезот за потреба од нивна “независност” и нивно ставање во приватни раце. Не сите луѓе знаат например дека доларот не е официјална валута на американската држава туку приватно дуќанче на неколку од најголемите банки во САД, право дадено вo 1913-та година со Законот за Федерални Држави (Federal Reserve Act) и обновувано досега. Единствениот што проба да печати вистински американски државни долари беше Претседателот Џон Кенеди но не успеа да го заврши процесот од познати причини.

А тие исти банки преку нивната главна подружница во Базел, БИС, Банка за Меѓународни Порамнувања (Bank of International Settlement) ги контролираат и манипулираат валутите и на 59 други земји со цел нивна експлоатација и прикриено оданочување. Многумина не знаат дека и Народна Банка на Македонија не е ниту наша ниту народна туку членка на БИС и со тоа средство за наша експлоатација и тајно оданочување на приватните банкари Ротшилд кои го контролираат БИС.

А за да се забрани било каква независна монетарна политика во корист на благосостојбата на своите народи од страна на само номинално Народните (или Централни) Банки на светот тука е ММФ со кошничката на валути со Права за Посебни Повлекувања (Special Drawings Right) на Кралот Долар и 4 помали вазалски валути кои единствени имаат право со додавање нули на компјутерскиот екран да креираат лажен кредит од воздух и да ви го дадат вас за да го отплаќате со вистинска доларска камата. А и ако тоа не ве вразуми тука се и ред рејтинг агенции а всушност политички инструмент на глобалните банкаи како Муди, Стандард & Пур, Фич, (Moody, Standard and Poor, Fitch) кои со едно намалување на рејтингот во чист финаниски тероризам ти ја рушат валутата како што неодамна беше случај со Лирата во Турција или уште поодамна Рубљата во Русија, обеднувајќи го народот и економијата и нивната меѓународна куповна моќ за 10% или 30% или 50% преку ноќ. Добробитта на туѓите народи, семејства и деца не вреди пет пари за меѓународната корумпирана елита.

Друг важен фактор се меѓународните организации како Светската Банка и ММФ кои промовираат отворање на границите за мултинационалните корпорации и уништување на домашните производители и крадење на природните ресурси почнувајќи од земја, вода, минерални богатства па се до твојот џеб преку подружници за странски банки со минимален основачки капитал (види Видео Дел 2). Отворањето на границите значи булдожирање на светот и избивање од раце на инструменти на државите за влијание и обезбедување на благостотојбата на своите граѓани. На пример со влезот во СТО (World Trade Organization) државите го губат правото да одредуваат висина на увозни тарифи како економски инструмент.

Процесот на де-државизација продолжи со два други клучни процеси воведени 80-тите години, од кои едниот ви е добро познат, граѓанскиот сектор или НВО, а другиот ви е помалце познат а тоа е агенцифицкацијата на политичките системи.

За првиот мошне добро знаеме како фунционира и дека има за цел натамошно ослабување на моќта и мандатот на државата и во земји како нашата да се подрива власта и нејзиниот изборно потврден легитимитет, и тоа без тоа најважно демократско средство, изборите. Значи лажните крокодилски солзи на истите грантојадачи кои гушкаат дрва, згради, кучиња и се гушкаат меѓу себе, секнуваат оној момент кога нивната дадена политичка цел е постигната. Потоа може да се сечат дрва, убиваат кучиња, а од претходното урлање на НВО ни траг ни глас. Трет сектор или НВО не само што не треба туку и не смеат да постојат затоа што ја подриваат изборната демократија бидејќи нема прашање кое го потегаат (од екологија, урбанизам итд) а кое не може (а само на тој начин и мора) да се реши не на улица туку преку демократски процеси со гласање на партии кои веќе го имаат тоа прашње вклучено во своите изборни програми или преку притиоск врз политичките партии да го внесат во своја програма за да биде изборно тестирано.

Нејсе, другиот, агенцификацијата е уште поподмолен и помалку видлив и забележан начин на укинување на мандатот на државите а со тоа на моќта на твојот глас нешто да смени со демократски изборни методи. Имено, пролиферувањето на бројни агенции кои ја дуплираат (и одземаат) улогата на министерствата. Сигурно некои од вас се сеќаваат на ремето кога немаше агенција за енергија, агенција за комуникации, агенција за привлекување инвестиции а тие мандати беа во рамките на министерствата за енергетика, комуникнации, економија итн. А во што е разликата? Составите на министерствта, барем теоретски, можеш да ги промениш на избори ако не си задоволен на пример со скоро бесплатното подарување на јавно општо добро како ЕВН на странска компанија. Но агенцијата за енергетика на можеш! Затоа што е “независна” и составена од “експерти” кои подобро знаат од тебе ниту имаат законска ниту чувствуваат морална обврска тебе обичниот смртник да ти се одчитуваат.

Сега сигурно повеќе ви стануваат јасни и повеќе-децениски прокламации за независен универзитет, судство, итн, итн. Неависни од кого? Само од тебе граѓанинот и народот, а зависни од секој друг што сака и има средства да ги корумпира.

Освен што си финансиски роб оданочуван и како поединец и како држава, ти тоа и не можеш да го промениш. После воведувањето на Третиот Пат на Клинтон и Блер доаѓа до конвергенција на поранешните а сега само номинално леви и десни, либерални и конзервативни кон една иста опција оставајќи мали разлики меѓу нивните политики како што гледаме дека стана случај меѓу републиканците и демократите и во САД или условно речено десните и левите опции низ Европа а и кај нас.

Горан Шумкоски меѓународен експерт и член на ИО РОДИНА!

www.sumkoski.com

https://www.linkedin.com/in/sumkoski/

(продолжува).

Придружете ни се заедно со нашиот народ да ја доградиме и спроведеме нацрт програмата „Вистински Македонски Пат“ согласно народниот интерес за Редржавизација на Македонија и 4-от Илинден Биди дел од иницијативата „Родина“
https://www.rodina.org.mk/pristapnica/

Видео од предавањето на Горан Шумкоски, меѓународен експерт и член на  ИО на РОДИНА МАКЕДОНИЈА: По Падот на Неолибералниот Глобализам Следи Ре-Државизација и Возобновување на Македонија и Сите Држави.

Почитувани браќа и сестри. Група патриоти од Македонија и странство се собравме да ја изработиме програмата која ќе одговори на жестоките предизвици каде поразениот неолиберализам под превез на лажна глобализација булдожира нации и граници вклучително и нашата татковина Македонија.

Ова предавање ја дава рамката за општествените, економски, политички, социјални геостратешки и глобални и Македонски процеси како основа врз која ние ја втемеливме програмата Вистинскиот Македонски Пат како и во рамките на традиционалната Македонска Доктрина.