ПРОГРАМСКИ ЦЕЛИ
- Поднесување барање за прием под уставно име Република Македонија во ООН.
- Спроведување на АСНОМ-скиот и духот на Уставот од 1991ва во сите законско-регулативни акти и во сите национални и општински институции.
- Поништување на сите закони и меѓународни договори кои се донесени под закана на сила, спротивни на Уставот, меѓународното право и вољата на македонскиот народ.
- Воведување на непосредна демократија Референдум за прашања од посебен интерес за државата и локалните заедници.
- Поднесување барање за учество во сите глобални и регионални ЕвроАзиски интеграции, ЕАЕС, ШОС, Пат на Свилата итн.
- Соработка за помирен и побезбеден свет со нашите истомисленици, патриотите од Америка, Европските нации, преку братските Словенски народи и Русија, новите регионални и светски сили од Турција, преку Индија и Кина.
- Балкан како регион на мирот, со слободен проток на луѓе, добра, идеи. Регион со подеднакви права на сите народи.
- Не во НАТО, Не во ЕУ. Соработка со меѓународни организации само врз принципите на рамноправност и почитување. Повлекување од воените мисии на НАТО и политика на мирољубивост.
- Протерување на сите странски формални и неформални воени формации од територијата на Република Македонија.
- Поништување на регистрацијата и дозволата за работа на сите НВО финансирани со странски средства.
- Национализација на сите стратешко важни субјекти и фирми.
- Отпишување на меѓународниот државен долг направен од досегашните корумпирани елити кон глобалистичките финансиски поробувачи и ослободување на Македонецот од подготвеното му вечно финансиско ропство.
- Ревизија на сите приватизации и враќање во државна сопственост и/или продажба со обесштетување на бившите вработени и нивните семејства.
- Конфискација на нелегално стекнат имот од осамостојувањето до сега.
- Градење на силни Армиски, Резервни, Доброволни и Полициски сили за обезбедување на границите и внатрешната безбедност. Вработување на бранители, деца на бранители во тие структури.
- Укинување на сите нелегално издадени Македонски државјанства доделени од политички причини.
- Спречување доселување и легализирање на мигранти во Република Македонија.
- Издавање пасоши на сите Македонци од светот и доделување земја за нивно враќање во татковината.
- Обезбедување и привлекување јавни и приватни инвестиции, ниски даноци и финансиска подршка за сите претприемачи/мали/средни претпријатија за силен економски раст и процут. Поволности за враќање на Македонците во Македонија.
- Еколошки чисто земјоделство и туризам и ГМО-слободна Македонија.
- Укинување на извршителите, на несразмерно високите казни и блокирањето на сметки. Домот не може да е предмет на хипотека.
- Социјална, пензиска заштита за секого, ниеден Македонец и семејство нема да бидат оставени сами на себе.
- Универзален пристап до квалитетна здравствена заштита за секој и право на избор при секоја медицинска интервенција.
- Ревизија на образовните наставни програми во Македонски Дух од прво оделение до универзитетско ниво.
- Промоција на Македонскиот академски, културен, спортски и уметнички раст до светско ниво.
- Чиста и заштитена природа, заштита на водата, почвата и воздухот со строги македонски регулативи.
- Природните ресурси припаѓаат на сите граѓани на Р.Македонија, односно државата. Неотуѓивост на водите.
- Ослободување на сите политички затвореници судени за Македонија.
- Подршка на традиционалното семејство, жената и децата
- Заштита на приватноста на граѓанинот.