РЕЦИПРОЦИТЕТ

РОДИНА МАКЕДОНИЈА јавно БАРА од властите на демократска, солидарна, европска, натовска, нережимска, блескачка и привремена т.н. Република Северна да престане со #етноцидот врз Македонскиот народ, неговото бришење од листата на живите народи и дискриминацијата по сите основи.

Исто така, Родина Македонија изјавува дека ќе направи сѐ што е во нејзина моќ да го обелодени и спречи започнатиот процес на деструкција на сѐ македонско.
Ова посебно се однесува на македонската нација и македонската историја која е под удар на сите „евроатлански соседи“.

Истовремено, ние преставниците на Македонскиот народ, бараме, #Реципроцитет во меѓусебните односи со соседите.

ИНСИСТИРАМЕ на конкретно признавање на Македонската нација, јазик, култура, историја, црква.
И овозможување на сите права и слободи на припадниците на Македонскиот народ на територијата на: Беломорска, Пиринска, Епирска и другите делови на етничка Македонија кои се под администрација и управа на соседните демократски држави, почитувачи на Евроатланските вредности и универзални човекови права и слободи.

ОБЕДИНЕТА ЕВРОПА БЕЗ ГРАНИЦИ 5.3.2021.

БИДЕТЕ ДЕЛ ОД ВРАЌАЊЕТО НА МАКЕДОНИЈА

https://www.rodina.org.mk/pristapnica/