You are currently viewing РОДИНА МАКЕДОНИЈА ЈА ОСУДУВА ПОЛИЦИСКАТА БУРТАЛНОСТ ВРЗ ГОЛОРАКИОТ МАКЕДОНСКИ НАРОД!

РОДИНА МАКЕДОНИЈА најостро ја осудува примената на прекумерна сила, но и репресивни методи против својот народ, посебно против жени, деца, и пензионери кои најмногу страдаа во стампедото предизвикано од специјалните борбени единици на северна! И за жал, ова не е прв ваков брутален начин на изживување врз недолжни цивили и мајки со деца (под 10год) кои дошле да го изразат своето незадоволство од 30 годишното негирање и преговарање со негаторот.

РОДИНА МАКЕДОНИЈА најодговорно ви тврди (видено од првите редови) дека немаше никакво: „Палење на полицајци”, „Вооружени вандали” и „Загрозување на животот “! Но, затоа имаше грубо легитимирање со тегнење и влечење, легнување на земја и газење со цокули, употреба на прекумерна сила (и до 3 полицајци на еден голорак протестант) и низа други провокации на хунтата со цел КРШЕЊЕ НА ОТПОРОТ НА МАКЕДОНЦИТЕ, и потоа бугаризација, етноцид и културен геноцид врз Македонците во 21 век. Всушност ништење на Македонија и сѐ Македонско. Ова е етноцид извршуван во континуитет, и тоа од домашните предавници и колаборационисти на т.н. „колективен запад”, а за великобугарски и други врховистички и хегемонистички идеи.

РОДИНА МАКЕДОНИЈА ги повикува сите приведени, уапсени и задржани браќа и сестри да ни се обратат и да ни ја кажат нивната лична сторија, за да можеме организирано и подготвено подобро да се одбраниме од Хунтата и eтноцидот кој деновиве и буквално се спроведува. Пишете ни на contact@rodina.org.mk

Браќа и сестри ве повикуваме да дојдете во #ОРГАНИЗАЦИЈАТА заедно да се одбраниме, заедно сме посилни.

МАКЕДОНИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ