СЕВЕРНАТА ЗЕМЈА НА ФЕУДАЛИЗМОТ, ГУЛАЦИТЕ И РОБОВЛАДЕТЕЛСТВОТО

You are currently viewing СЕВЕРНАТА ЗЕМЈА НА ФЕУДАЛИЗМОТ, ГУЛАЦИТЕ И РОБОВЛАДЕТЕЛСТВОТО

Сигурно веќе ја слушнавте изјавата на т.н министер за економија, поддржана од изјавата на нелегалниот и нелегитимен премиер на т.н северна: ЌЕ СЕ ПРОДАВААТ 20-25% од вкупната обработлива површина на Р. Македонија (и тоа најатрактивните парцели)!

ЗОШТО?
Затоа што државата била презадолжена и нејзината економија не била ликвидна?
Пардон? Па нели #БлескамевоNATO.

КАКО И НА КОГО ЌЕ СЕ ПРОДАВА?
Ќе се продаваат најмалку 10 хектари, а најмногу 100 хектари, затоа што земјата “и без тоа стоела необработена и никој не пројавувал интерес”. Арно ама сега конечно појавиле интерес „добростоечки бизнисмени од земјата и странство”. На продадените парцели ќе работеле локалните селани. И, според овој т.н. премиер, „тоа било развој и инвестиција во земјоделството“?

Дали ова е всушност новиот израз за феудално-закрепостени селани, така ли е модерниот израз за робовладетелство? Тоа ли е #НовотоНормално?

ЌЕ ЈА ПРОДАДЕМЕ ЗЕМЈАТА КОЈА ШТО Е ЗАЕДНИЧКА НАША, ДА БИДЕ НА НЕКОЈ ГАЗДА, А ВИЕ МАКЕДОНЦИТЕ (ШТО НЕМА ДА СЕ ИСЕЛИТЕ) ДА ЦРНЧИТЕ НА НЕА ЗА БЕДНА ЦРКАВИЦА.

Тоа ли е инвестицијата, тоа ли е стратегијата?

#РодинаМакедонија прашува зошто ова земјиште да не се подели на сите граѓани (селани) во акции? Или зошто да не им се даде на користење на нашите земјоделци под закуп на 100 години под многу поволни услови? Дали продажбата на земјоделско обработливо земјиште на кој знае какви матни ликови, и прокоцкувањето на тие пари #Allin од локалните партиски кападахии за кои што веќе цел свет знае дека се лидери во корупција и криминал е единствена солуција која оваа т.н. Влада успеа да ја смисли? Толку ли им е „реформскиот“ нивни капацитет? Земјоделската политика треба да биде во фокусот на економските реформи со крајна цел „МАКЕДОНСКИОТ СЕЛАНЕЦ ЈА ХРАНИ МАКЕДОНИЈА“, а не понатамошно деградирање на земјоделството со цел поголем увоз. Распродавање на народното богатство (почва, вода) како да е вилает оставен во наследство на малкумина е пракса на оваа т.н. Влада која мора да престане еднаш за секогаш, ако треба и со Устав да се забрани!

Во меѓувреме додека Македонија и буквално се распродава, додека тече процесот на етноцид и национална сегрегација, хунтата и контролираната опозиција ќе ве дефокусираат и замајуваат со евтиниот театар наречен “Бегството на ДонМиале”.

Бидете будни, не дозволувајте да ве заведат со нивните небулози.

БИДЕТЕ ДЕЛ ОД ВРАЌАЊЕТО НА МАКЕДОНИЈА

https://www.rodina.org.mk/pristapnica/