Од основните програмски цели
- Социјална, пензиска заштита за секого, ниеден Македонец и семејство нема да бидат оставени сами на себе.
- Универзален пристап до квалитетна здравствена заштита за секој.
Основна стратешка цел
Македонија како социјално праведна држава која во согласност со исконските македонски традиции го негува и подржува заедништвото, помагањето и почитувањето и го гради и подржува социјалното ткиво и социјалната правда како одржливи темели на растот и развојот на македонскиот народ.
Основна стратешка цел
Во процесот на исполнување на целта за целосно и креативно ангажирање на целиот македонски човечки потенцијал во реалната економија секој ќе има обезбеден пристап до помош за вработување и финансиски, земјени, стручни и други ресурси за самостојна работа и секој ќе биде подржан во периодите меѓу, до и после работните ангажмани со
Конкретни социјални мерки во согласност со основните цели:
- Даночни олеснувања за семејствата пропорционално со бројот на родени деца.
- Породилно отсуство од 12 месеци и бенефициран стаж за мајките со 3 и повеќе деца.
- 40 часовна работна недела, недела задолжително неработен ден.
- Воведување на сатница, наместо дневница. Се што е над 40 часови неделно, во согласност на вработениот се вреднува 150%.
- Воведување на коефициенти на плата за урамнотежување на примањата во целото општество.
- Пензиски социјални програми, субвенционирање на грижа за возрасни луѓе во пензија.
- Социјални програми за вработување за луѓе со инвалидитет, пречки во развојот.
- Програми за работен ангажман на младите уште од 16 годишна возраст во компании кои се дел од нивниот избор на струка со 4 часовен работен ден и субвенционирање од државата.
- Социјална помош за невработени до моментот на вработување и меѓу вработувањата.
- Социјална помош за лица трајно неспособни за работа.
- Минимална државна старосна пензија за сите лица со навршена одредена возраст.
- Здравствена заштита за секого.
Спроведување
Системот на Социјалната Поткрепа ќе се исполнува со паралелно применување на останатите основни цели:
- Заштита за семејството (види програмски дел – Заштита на Семејството)
- Економската политика која ќе обезбедува целосна продуктивна вработеност користејќи го целиот домашен и иселенички Македонски работен и креативен потенцијал (види програмски дел – Економски Насоки и Цели)
Вашите предлози за Програмската Целина – Социјална поткрепа може да ги оставите во коментари подолу, на емаил адресата contact@rodina.org.mk или активно да се вклучите во Родина.