КОЛУМНА: TOMЧЕ ШИРКОВ, ЧЛЕН НА ПРЕТСЕДАТЕЛСТВОТО НА РОДИНА МАКЕДОНИЈА
Помалку познат, но историски факт е дека Арнаутите, МиРидитите и Гегите немале заеднички јазик, а со самото тоа ниту писмо. Но, на територијата на тогашна Ематија (Епирија) доминирал јазикот на Тоскан (Тоска) епириотит, понекогаш запишуван на арапски, а понекогаш на турански руни. Но, бидејќи Тоските, а и некои МиРидити биле претежно христијани (над 70%), Ватикан си определил мисија да им создаде зеднички јазик и писмо.
Јазикот вклучувал 40% илирски термини (Ilirica vocabularae) што во тоа време значело словенски (далметски -далматински и херцошки -херцеговски). А азбуката требало да биде латиница, која би била практично многу слична на македонската латиница само без типичните македонски гласови (Ѕ, Џ, Ж, Ш, Ч, Љ, Њ).
За оваа мисија бил ангажиран римскиот бискуп и скопски надбискуп Петар Богдан. Тој бил син на Бранко (Бранимир) и Гојка, внук на „Б’лгарскиот” преродбеник Петар Бакчев- Богдан.
Богдан е презимето, не е Богдани. И во своерачниот потпис Петар се потпишува Богдан. А дедо му е Бакшев т.е. БакЧев. И ден денес во Трново и Велико Трново (денес град Арбанаси) најголемата католичка заедница се Богданови и Бакчеви. Тие се Мијаци (католици). Делумно се декларираат за Блгари с македонски произход, делумно се декларираат за Шопи. Тие што се сметаат за Шопи , така се сметаат само затоа што не постои Србин-католик. Барем во Бугарија. И само затоа што бугарската нација не дозволува другите народи да се искажат и чувствуваат така како што се чувствуваат. А инаку јазикот им е нешто помегу врањански и Босилеград-Паланка дијалект. Како и да е, не се Арнавати, Арнаути, Шкиптари.
Најмалку Геги.
За фактот што бил по род, т.е. генетски Петар Бакчев и внук му Петар Богдан најмногу ни говори делото „Прва булгарска историја” чиј автор е дедото Петар Бакчев Богдан во која автобиографски тој за себе вели: „Азка су Мијак од земљах македонских, род прастари и славени.”
А за етничкото потекло на неговиот внук Петар Богдан, многу подоцна од катедрата на Енвер Хоџа наречен БогдаИ, зборува самиот кардинал (ктитор на речникот), но и самиот Ватикан кој го потпишал Петар, како фратар од Македонија. Но, и на корицата на самата книга стои дека е од род македонски. И од Македонија.
Како и да е, сме просветиле мноштво народи, па така и соседите. Со алал им ја чиниме азбуката. Со здравје да ја користат и да ги благословат своите просветители Македонците.
Нека е за многу години денот и делото на Петар Богдан-раб Христов.
Бидете дел од Родина Македонија, дел од новиот #постзападен, #мултиполарен свет!