Родина Македонија ги повикува судската и извршната власт во Македонија да го отфрлат барањето за регистрација на иридентистичка и претенционистичка партија која во својата платформа има зацртано окупирање и откинување на делови од територијата на Република Македонија.
Го повикуваме и јавниот обвинител да покрене постапка против идеолозите и заговорниците на иридентизам и граѓанска војна во Македонија.
Родина Македонија воедно ги повикува сите лидери на партии и државни функционери, вклучително и Македонците со албанско етничко потекло, јавно да се оградат и да ја осудат оваа грозоморна идеја.
Ве потсетуваме дека оваа и слични идеи се поразени во XIX-от, XX-от, но и во XXI-от (2001г).
Да ја осудиме и отфрлиме сите заедно поразената идеја на време, за да не мора подоцна да ја решаваме во крвава граѓанска војна.
Затоа што, македонскиот народ нема да дозволи повторно черечење на македонската територија! Војна која овој пат ќе чини многу повеќе животи од претходната.
Станете активист, поддржувач на Родина Македонија!