Денеска сме сведоци на внатрешни битки во Пржинската влада за организирање, односно неорганизирање на избори во јуни.
Состојба која е од животна, егзистенционална важност за народот на Македонија има 2 согледувања, а една Влада.
Доколку припаѓате на делот од СДС во Пржинската влада, одеднаш пандемијата стивнала, бројот на заболени и починати од КОВИД-19 драстично се намалува.
Доколку припаѓате на делот од ДПНЕ во Пржинската влада, влегуваме во критична фаза, зголемен број на заболени, починати.
Толку од сериозноста на заканата од КОВИД-19 !

Родина Македонија прашува каде е тука вистината, честа и моралот ?
До кога политиката ќе биде над животите на граѓаните, здравствените работници, економијата, националните интереси, народот на Македонија ?

Оваа Влада, но и сите минати, покажаа 0 државнички капацитет, 0 способност за справување со кризи, 0 морал, чест, знаење, иако Македонците секоја година за нив издвојуваат 3,4 милијарди евра.

Од самиот почеток на кризата, знаејќи го капацитетот на постојниот политички систем, Родина Македонија се залага за Експертска Техничка Влада составена од доблесни, морални и чесни претставници на македонската нација, кои со својот лик и дело ќе зрачат кредибилност, законитост,вистина и знаење.
Тоа е единствениот излез од кризата креирана од овој систем, систем кој е подигнат од локални криминалци и неспособни деца на олигархијата, кои денеска целосно се ставени во служба на западниот криминален картел.

Бидете дел од политичката партија „Родина Македонија“

https://rodina.org.mk/pristapnica/