You are currently viewing ОД ИСТОРИСКИ КРИМИНАЛ ДО ВИЗИОНЕРСКИ ДОГОВОРОТ СО БЕХТЕЛ И ЕНКА

Интересни се однесувањата на раководството на ДПНЕ на чело со г.Христијан Мицковски пред и после изборите, по важни прашања од интерес на Република Македонија.

Од името Република Македонија и македонско, каде денес продолжуваат да го бришат и заменуваат со национално, преспанскиот договор кој ќе го ревидирале и ќе се бореле да го сменат, Уставобранителите кои се заборавени и каде денес се амнестирани припадници на нарко картели и сега последното договорот со Бехтел и Енка каде пред избори беше историски криминал, да денес е историски момент на поврзување на нашата држава.

Да цитираме изјава на г.Мицковски.пред изборите.

13.10.2023

Мицкоски: Бехтел и Енка ќе ја чини Македонија над 2 милијарди евра

Проектот на Бехтел и Енка, ако е точен оној договор кој што ние го имаме добиено, а до сега никој не го демантираше, така е направен, но практично  тој од владата што го потпишал се однесувал како вработен во компанија кој што ја добива зделката. Бидејќи во ниту еден момент не е заштитен интересот на државата, а целиот договор го штити интересот на изведувачот, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во денешното гостување на Радио Лидер. 

Ќе го цитираме и денешниот Министерот за надворешни работи, г.Муцунски.

27.04.2023

Муцунски: Договорот помеѓу владата и Бехтел и Енка по километар ќе чини минимум два до три пати повеќе од најскапото било кое автопатско решение изградено во историјата во Македонија.

За крај ќе го пренесеме и Радио Лидер, гласноговорникот на ДПНЕ, каде имаа и посебна емисија за истото. 

11.04.2023

(ВИДЕО) АФЕРАТА „БЕХТЕЛ И ЕНКА” Е КРИМИНАЛ НА ДЕЦЕНИЈАТА – ДЕТАЛИ ЗА СКАНДАЛОТ!

И навистина, анализите кои ги направи Родина Македонија покажуваат дека Македонија со овој договор плаќа најскап километар автопат.

Нашата реакција беше објавена на 8 Март 2023 година, каде може да ја погледнете на следната врска. (врска до реакцијата)

Нашиот заклучок од таа реакција беше следниот:

Резиме: Владата на ДУИ и СДС, во непосредна спогодба со странски инвеститор, договори со нашите народни пари да гради два пати поскап автопат по километар и тоа во вредност од 1.3 милијарди евра. Дали парите од таа разлика од километар автопат ги замолкнаа обвинителството, судот, антикорупциска и сите релевантни државни органи платени од народни пари, наместо да го чуваат  и упатуваат на домаќинско трошење на народниот денар?

Нашиот заклучок од денешните настани е следен:
Владата на ДПНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ во неспосредба спогодба со истиот странски инвеститор, договорил провизија и за себе. Во суштина, политичкиот систем во Република Македонија е комплетно криминализиран, каде во континуирано партнерство се позицијата и опозицијата. Без таквото партнерство, невозможно е да се извршуваат големи криминали во континуитет.

Господа од светите букви ВМРО!

ВМРО пред се е чест, ВМРО е морал, ВМРО е праведност, ВМРО е борба за народното добро, а не за лично богатење и измеќари на туѓи интереси.

Напишете коментар