РОДИНА МАКЕДОНИЈА, најискрено и се заблагодарува на Р Хрватска, воедно и на почитуваниот братски хрватски народ, како актуелен претседавач на ЕУ,која има искрена намера за воспоставување на амбициозна агенда, за брз напредок, имплементација и влез на тн Западен Балкан во кој спаѓа и Р Македонија, во ЕУ. Оваа агенда беше најавена од Хрватска како нејзина прва и основна заложба и еве на конкретен начин ја потврдува својата сериозна агенда кон Западниот Балкан на он-лајн Самитот на ЕУ во Загреб на 6-5-2020.
РОДИНА МАКЕДОНИЈА, е партија, преставник на чесниот доблесен родољубен македонски народ и на сите лојални доблесни граѓани и нејзината целосна посветеност е на остварување на правата, потребите и барањата искажани на достоинствен демократски начин.
На овој начин ја потврдуваме и искажуваме цврстата воља на народот од референдумот од 30 септ 2018г, за референдумското народно НЕ, за влез во ЕУ, влез во НАТО и промена на исконското ИМЕ МАКЕДОНИЈА , НЕ ПРИФАЌАЊЕ НА НИКАКВИ УЦЕНИ ЗА ПРОДАВАЊЕ НА ИДЕНТИТЕТОТ, ЈАЗИКОТ, ИСТОРИЈАТА , КУЛТУРАТА, ЦРКВАТА.
Посебно што таа иста ЕУ, е иницијатор, заговорник, разнебитувач на суверенитетот на РМ, преку повеќе јасни, веќе етаблирани настани како што е Охридскиот договор, Територијалната поделба,недоследностите на Хашкиот суд, Преспанскиот договор, Договорот со Бугарија, Тиранската платформа Пржинскиот договор и сл.
За да бидеме и додатно, по незнаен број пати, актуелно понижени со последната точка од Декларацијата на ЕУ во Загреб од 6 мај 2020, во којa се инсистира на почитување и спроведување на сите барања од билатерални договори на тн северна со соседните држави Грција и Бугарија.
Имено последната уцена од Бугарија е целата коресподенција и легислатива помеѓу нашата држава и членките на ЕУ и самата бирократија во ЕУ да оди под име на ‘службен јазик на РСМ‘, при тоа да се игнорира постоењето на еден стар јазик, веќе кодифициран, МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК. Воедно и се инсистира на откажување од постоење на македонско малцинство во Бугарија.
Преку оваа реакција го искажуваме револтот кон непочитувањето и континуираните уцени од сосдните држави и кон ЕУ кои делуваат во рушењето на суверенитетот на Македонската Држава и не се придржуваат кон меѓународните конвенции за човекови права и правото на самоопределување, Jus Cogens .
Посебно што во Европската конвенција за човекови права не се содржат одредби за правата на народите за самоопределување , наспроти двете конвенции за човекови права во ООН.

Бидете дел од политичката партија „Родина Македонија“

https://rodina.org.mk/pristapnica/