You are currently viewing БРИТАНСКИТЕ МИЛИЈАРДИ И ИСТОРИСКИТЕ ЗЛОДЕЛА

Велика Британија, земја со долга историја на империјалистички политики и мешување во внатрешните работи на други народи во текот на минатите векови, но и денес, неодамна одобри кредит од 6 милијарди евра за Република Македонија. Оваа одлука покренува прашања: дали станува збор за обид за искупување за минатите постапки или за стратешки маневар со други цели?

Дали македонскиот народ сè уште ја памети таканаречената „Тајванска милијарда“ од 1999 година? Да потсетиме, под водство на Васил Тупурковски и Демократската алтернатива, Македонија воспостави дипломатски односи со Тајван, за што беше ветена финансиска поддршка од околу една милијарда долари за развојни проекти. Резултатот, за жал, беше разочарувачки: средствата исчезнаа во сложени банкарски и правни канали, оставајќи ја земјата со долгови и без ветената меѓународна заштита. Последиците од овој чин беа далекусежни, вклучувајќи ги и настаните од 2001 година, кога Македонија се соочи со сериозни безбедносни предизвици.

На глобалната геополитичка сцена, Велика Британија често се позиционира како противник на словенските народи, вклучително и на македонскиот, како и на православната вера. Ова не е произволна перцепција, туку одраз на нивните историски и стратешки одлуки. Македонците се првиот европски народ кој, по Втората светска војна, беше бомбардиран од авиони на западните сили во Егејска Македонија. Очекувањето дека Велика Британија ќе придонесе за надминување на последиците од етничките чистења или дека ќе игра конструктивна улога во современата македонска држава е, во најмала рака, нереално и може да има сериозни последици за македонската државност.

Во овој контекст, сакаме да поставиме неколку прашања до премиерот Христијан Мицкоски:

Како е возможно одлука за задолжување од 6 милијарди евра да се донесе без транспарентна јавна дебата и без вклучување на научната и стручната јавност?
Доколку договорот е толку поволен, зошто неговите детали не се презентирани во целост пред јавноста?
Дали договорот содржи клаузули поврзани со прашањето за мигрантите, особено имајќи предвид дека Велика Британија веќе се соочи со отпор од Албанија по ова прашање?
Велика Британија, според многу параметри, продолжува да функционира како империја чие влијание е во опаѓање, но чии постапки сè уште предизвикуваат загриженост. За илустрација, склучувањето на ваков договор со Велика Британија денес може да се спореди со хипотетичко партнерство со нацистичка Германија на 8 мај 1945 година за создавање независна македонска држава – чин кој би бил не само ризичен, туку и историски неодговорен.


Придружете се на телеграм каналот на Родина Македонија Телеграм Родина

Бидете дел од Родина Македонија, дел од новиот #постзападен, #мултиполарен свет!

Напишете коментар