Природна е реакцијата на родителите што започнаа да одбираат своите деца да не ги вакцинираат. Се повеќе до нас стигаат информации за штетноста на одредени вакцини, за користење на вакцината како биолошко оружје, за нејзиниот состав. Резултатите од испитувањата на многу независни лабаратории се фрапантни, каде се откриени елементи од фетуси, вируси итн… Фрапантен е и молкот и арогантното однесување на лекарската фела. Може да дискутираме за квалитетот на водата, воздухот, чевлите, храната но за квалитетот на вакцините не смее да стане збор.

Правото на избор е неприкосновено право на еден човек. Контактот на вакцинирани со невакцинирани се одвива во најосетливиот период на развојот на детето, тоа е најмалата возраст и контактот со своите баба и дедо, кои во нашите традиционални средини се главните воспитувачи и згрижувачи поради недостаток на места во градинките, а тие во голем дел се невакцинирани.

И ?

Да ги избркаме дедо и баба од животот на детето ?

Дали има штетни последици ?

Правото на образование, иако и тоа е загадено со многу елементи на ментални вируси, е исто така неприкосновено право на детето. Исфрлање на детето од училница само затоа што не било вакцинирано е фашистички акт на една репресивна држава која потпаднала целосно под неолибералиот корпоративен фашизам и нивната алчна желба за профит по секоја цена.

Родина во тој поглед ќе промовира отварање на јавна дискусија за вакцините на стручно, научно ниво, со активно учество на двете страни со факти од истражувачките центри. Строга контрола на квалитетот на вакцините.

Правото на избор.

Посебен акцент ќе ставиме на подобрување на квалитетот на исхраната, животот на децата, јакнење на нивниот имунолошки систем на природен начин.

Бидете дел од иницијативата за политичка партија „Родина“

https://rodina.org.mk/pristapnica/