(Реакција по повод безочната кражба на македонска историја, личности и процеси)
„Последниот македонски бранител и хранител, Тодор Александров, беше душата на македонската револуционерна борба. Тој земаше од богатите, посебно од најбогатите за да даде на сиромашните. Заштитник на сираци и вдовици, се бореше истовремено против три држави, кои ја поделија неговата земја, но и против самоволието на „големите сили“. Тој беше последниот Робин Худ, без да ја знае приказната за Худ. Александров припаѓаше кон оние ретки, но целосно исполнети мажи со сопствена мисија, кој не живееше свој живот, а го живееше животот на својот поробен народ. Непретенциозен, скромен, но притоа со нескршлива енергија и разум, секогаш имајќи ја пред очите големата цел – Независна Слободна Македонија. Сеуште го гледам тој редок човек, макар што поминаа 10 години откако го сретнав и зборував со него за прв и последен пат. Освен Лав Толстој никој друг не ми остави таков неизбришлив впечаток, како Тодор Александров.” – Од Спомените на професор, примариус Ханс Јубербергер.
*
„Јас си замислував да сретнам еден страшен диктатор, фанатичен и егзалтиран. Но, пред мене стоеше сосема поинаков човек. Слаб, жилав, многу висок, бледо лице, правилен профил, со прошарена брада, живи очи, понекогаш умислени, но постојано нежни. Тодор Александров, кој е на 42 години зборува спокојно, слатко, без гестови дури и за најважните прашања, за Македонија и за себе. Неговото спокојство и ладнокрвноста предизвикуваат задоволство. И покрај тоа што тој човек е душата на македонската револуција, има железна волја и христијански принципи, а неговиот решителен дух не престанува да ги восхитува оние кои го опкружуваат.” – Публицист Пол Ерно, весник Журнал, Париз, 1924 година
*
„Какви се идеите на тој човек, кој само со еден гест може да ја крене Македонија на нозе? Каде се наоѓа тој? Велат дека е под покровителство на бугарската држава, но во интервјуто ниту еднаш не ја спомна Бугарија (?!), а десетина пати рече Македонија. Секогаш со восхит и почит го изговараше името на својата поробена земја. Белградската влада нуди огромна сума пари на оној што ќе го донесе жив или мртов Тодор Александров, таа сума се зголемува од ден во ден. А тој, независно од големите опасности го продолжува своето дело како апостол. Денес тој е највлијателниот меѓу сите Македонци кои се стремат кон независност на Македонија. Неговиот живот е легендарен, тој носи иста униформа како и неговите комити, живее ист живот со комитите, се движи пеш како и другите, спие на земја. Ги пости сите пости по православните обичаи, честопати се храни само со леб, а носи пушка со 250 патрони, револвер со 100 патрони, бомби, двоглед и раница во којашто е сместена архивата. На кокардата му пишува „Независна Македонија“, а на знамето „Слобода или смрт за Македонија“. Тој е војник, аскет- испосник и дипломат истовремено, тој е шеф на партизанските одреди. На прашањето: дали не се плаши, тој ни одговори: „Ни најмалку. Јас знам, ни рече тој, сѐ што се случува на 20 километри околу нас. Македонија сака независност со главен град Солун. Македонците денес бараат независност во границите на Македонија пред 1912 година, тоа е нашето барање пред Европа. Не само јас, сите сме подготвени да загинеме за слободна Македонија на Македонците. Србите имаат само два начина да ни одговорат: или дефинитивно да нѐ уништат, или да ја признаат нашата независност“. Со последната реченица гордо поентираше како да Бугарија веќе ја има признаено македонската самостојност, премолчена, но фактичка независност на терен.“ – Париски журнал- ЛЕ ФРАНЦИС, септември 1923 година.
*
„Најпрво ми рече: Видовме како заврши обидот за наша секуларистичка република, самиот си сведок. И не, никако не сакам да прифатам дека Организацијата треба да зависи од овој или оној. Па, макар и тоа да е моќна советска Русија. Јас не сум биолог ниту доктор за да знам кој од кого потекнал. Не сум проучувал крвно, кои ни се поблиски, Бугарите или Србите. Но, несомнено е дека не ни мислат добро, а ние сме постари и пославни и од едните и од другите. Заслужуваме независна слободна и обединета Македонија. Сосема друго прашање е што скоро сите сили се против тоа. Потоа длабоко воздивна. Тој ми остави впечаток на многу разумен, трезвен ум, подготвен за сите жртви пред олтарот на ослободителното дело” – Спомени – Павел Шатев за Александров.
Овие цитати се ноторен историски факт. РОДИНА МАКЕДОНИЈА ги изнесува како историски аргумент, не заземајќи страна во братоубиствените борби и чистките во ВМРО.
P.S.
РОДИНА МАКЕДОНИЈА ги изнесува на виделина овие историски податоци, затоа што никој досега тоа не го направи официјално, на државно ниво.
МАКЕДОНИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ!
Бидете дел од Родина Македонија, дел од новиот #постзападен, #мултиполарен свет!