You are currently viewing ГОЛЕМОТО БУДЕЊЕ ЌЕ ЗАПОЧНЕ ОД ПРАВОСЛАВНИТЕ СЛОВЕНИ!

Пишува: Томче Ширков, член на Претседателството на Родина

Како што е невозможно да се раздели Отецот од Синот и од Светиот Дух кои е еден Бог, така не можат да се разделат Русија, Украина и Белорусија кои се еден народ. И една земја тоа е Небесна (Трансцендентна ) Русија. Во времето на ГОЛЕМИТЕ ПОДГОТОВКИ кои ќе ги наречат “Големиот рез“, а ќе бидат подготовки за зацарувањето на антихристот само Света Русија и Православните Словени ќе бидат надвор од комплетното владение на Антихристот, лажниот пророк и нивните слуги, колку-толку. Под нивна власт нема да бидат само оние КОИ ЌЕ СЕ РАЗБУДАТ ОД СМРТНИОТ СОН. Тоа е сон на удобството, мрзата и безидејноста. Сите други народи и царства комплетно ќе се потчинат на вољата на лукавиот и неговиот син на погибелта -антихристот. Тие( слугите) тоа го знаат и ќе прават, што да прават да ги намамат и прелажат Славјаните во братоубисвени војни, во растурање на семејствата, во опивање и обмана ( дрогирање) на младите…во комплетна деструкција. Во надеж дека ако и Православните го прифатат овој модел, тогаш Спасителот( Христос) ќе нема за кого да доаѓа на земјата. Јалова и празна е нивната надеж, зошто Црквата ќе ја надживее власта и портата на пеколот. А тие во својата лудост и мрачност ќе се обидат да направат од маж-жена, од старица мома, од девица блудница и ќе дојде шарен свет во кој нема да се знае кој е кој. Тогаш ќе направат човек кој не е човек , нешто бесловесно полу животно полу строј (машина) и ќе направат лик на самиот ѕвер( ѓаволот) и ликот ќе проговори, но нема да биде жив, туку тие (слугите) ќе му даваат некоја вештачка надворешна сила да биде како жив…И заблудениот и огревовен слеп свет ќе рече кој е како ѕверот и антихристот ќе го признаат за цар и “господ“ свој и тој ќе им стави жиг на челото и десната рака како знак дека се негови.
Секој кој ќе го прими овој жиг се одрекол од нашиот Господ и Бог и ќе биде во вечна смрт и во вечни маки. Но Бог нема да дозволи да страдаат оние кои се по неговата воља, дел од нив ќе најдат спас под рускиот цар, а дел Бог ќе ги штити во проклетите и поробени од гревот земји; во горите, пустините и во избегништво. Сите кои ќе се покајат и со молитва и пост ќе ја придобијат Господовата наклонетост ќе се спасат.

Преподобен Лаврентие Черниговски-1868-1950г


Сега им е очигледно на сите: Москва е главен град на ГОЛЕМОТО БУДЕЊЕ во светски размери. За сите на земјата сега е јасно – ова не е регионален конфликт, наводно „Руси“ со наводно „Украинци“! Ова е почеток на ослободување на човештвото од милитантно-либералната диктатура на глобалните монополи. Украина е само локален центар од каде делуваат овие елити. Зол центар основан на земјата на Источните Словени против нивната волја и во нивно целосно незнаење. Самото население е претворено во зомби од наци-либералната пропаганда. Ете со кого е вистинската војна – не со Украина, па дури ни со Западот како таков (САД-ЕУ), туку со “Светскиот економски форум“ и неговите пеколни планови за ГОЛЕМИОТ РЕСЕТ, насочени кон истребување на човештвото – преку легализација на секаков вид перверзии, гревови, криминали и, на крајот, со претворање на луѓето во роботи и мутанти и пренесување на моќта на “Вештачката интелигенција“. Немајте илузии: на другиот крај на оптичкиот поглед имаме работа со самиот ѓавол…

Александар Дугин-философ, егзистенцијалист и стратегист.