Македонската политичка, општествена и медиумска корумпирана елита чека Датум за ЕУ, каде Северна треба да започне преговори со Унија во која Македонците ги немаат основните човекови права и Унија која во континуитет на диво ја користи земјата на Македонците во Беломорска Македонија, етнички очистени токму од основачите на таа Унија.
Диригентот од ЕУ и САД ги диригира сите фрекфенции кои во хипнотички транс зрачат Датум за ЕУ на Северна. Во Универзетите, Ректоратите, МАНУ, луксузните сепариња каде седи македонската елита, медиумските елитни клубови, ДАТУМ за ЕУ на Северна е животно важна тема.
За Родина оваа состојба е целосен пад на еден народ, неговите претставници и тоа што се вика денеска „елита“, која си ја продаде душата на ѓаволот, а проба да ја продаде и душата на народот, кој во последен момент на Референдумот од 30 Септември 2018 си направи излез од овој мазохистички транс, со јасно кажано НЕ за Северна, НЕ за ЕУ и НЕ за НАТО.
За Родина, Датум за ЕУ чекаат само паразитските структури на ова општество кои во животот успеале само со демагогии, кревање раче, некои и две, кои во евроатланскиот клуб најдоа прибежиште за своите криминали, неспособност и незаење и станаа регрути на овој планетарен криминален клуб, кој урива и рекетира суверени народи и држави.
Родина само ја интересира и работи на Датумот за враќањето на Република Македонија, нејзиниот Устав и закони на целата нејзина територија и над секој нејзин жител, вклучително и криминалната и предавничка таканаречена елита, лева или десна, денеска фузирана во евроатланскиот клуб на НАТО и ЕУ.
Бидете дел од иницијативата за политичка партија „Родина“