You are currently viewing ДЕНОТ НА АЛБАНСКОТО ЗНАМЕ И АЛБАНСКИОТ ИРЕДЕНТИЗАМ И ШОВИНИЗАМ!

Вчера бевме сведоци на дивеење на албанскиот иредентизам и шовинизам низ центрите на многу градови низ Македонија.Се славеше денот на албанското знаме, додека гореше и се газеше македонското знаме.

Вчера видовме држава која не постои, која ја нема, односно ја има по грмушки за пишување на казни за брзо возење, ја има кога некој Македонец ќе извади македонско знаме, ја има кога Македонци ќе протестираат и врз нив ќе се примени брутална сила, тогаш ја има државата и тоа по сите стандарди.

Молчат градоначалници, молчи МВР, молчи премиер, Претседател на држава, молчи целиот естаблишмент, молчи амбасадата на Кале, молчи ЕУ. Молчи зелената проевропска агенда на ДУИ, ВРЕДИ, молчат албанските интелектуалци, политичари, граѓани на оваа држава.А на сите полна им е устата за право и правна држава, дека законот од нивниот мандат ќе важи подеднакво за сите.

За што говориме кога овој политички систем ги амнестираше „Хашките случаи“, кои се случаи на злостор против човештвото!

Почитуван наш македонски народе!

Со три децениското владеење на СДС и ДП(М)НЕ целото државотворно наследство од нашите претци се разгради.Ние од држава се претворивме во евроатланска колонија од најдолен вид.Станавме депонија на декадентни идеологии, на опасен оптад, на старо оружје и на туѓи национализми.Императив е час поскоро да се престроиме и организираме како што доликува за нашиот народ и земја.

Родина Македонија е посветена на таа вечна македонска кауза!


Придружете се на телеграм каналот на Родина Македонија Телеграм Родина

Бидете дел од Родина Македонија, дел од новиот #постзападен, #мултиполарен свет!

Пополнете пристапница

Напишете коментар