Почитуван наш македонски народе,
Фашизмот не е изолиран феномен во западната цивилизација, туку нејзин составен дел!
Неодамнешното бришење на македонскиот јазик и идентитет од Извештајот за Македонија, изгласан од трите најголеми парламентарни групи во Европскиот парламент, е само уште еден доказ за антимакедонската политика на Европа.
Европа е синоним за историски неправди кон македонскиот народ: од Букурешкиот договор во 1913 година, со кој Македонија беше поделена на три дела, преку менаџирањето на демографски промени во Егејска Македонија со доселување на население од Мала Азија, до повторната поделба во 1941 година за време на фашистичката окупација.
Европа е исто така одговорна за блокадите на Македонија во меѓународните институции, поддршката на УЧК, како и за наметнувањето на Привремената спогодба, Рамковниот договор, територијалната поделба, Туранската платформа, Францускиот предлог, Шарената револуција и промената на името – сите овие проекти насочени против македонскиот национален интерес.
Европа, предводена од западните сили, систематски се поставува како противник на Македонците, но и другите православни Словени, со исклучок на оние кои се подложни на нејзиното влијание.
Секој што сè уште верува во европската идеја не може да се нарече Македонец, туку слуга на туѓи интереси.
Нашиот проблем лежи и во сервилноста на македонската политичка, општествена и интелектуална номенклатура, која не дејствува во согласност со македонскиот национален интерес. Во 21 век, промовирањето политики со празни флоскули како „Еден е изборот“ ја открива моралната и интелектуална беда на таканаречената елита, лишена од дела достојни за тој епитет.
Жртвувањето на светото име Македонија за влез во морално пропадната унија е показател за длабоката криза во македонските политички партии, но и севкупно во македонската национална свест.
Родина Македонија повеќе од пет години го промовира новиот мултиполарен свет, во кој народите слободно одлучуваат за своите сојузи и соработка. Обвинувањата за „руско влијание“ се само дел од манипулативните матрици на Западот.
Нашето место е во БРИКС, заедно со народите кои, како и ние, биле жртви на западните колонијални политики. БРИКС претставува меѓународен систем во кој државите нема да бидат повеќе подложни на колонијална доминација.
Почитуван народе, одлуката е во ваши раце!
Многумина од вас не се интересираат за политика, што е легитимен став, но со сериозни последици по иднината на целиот народ. Слепото следење на партии што го жртвуваа името Македонија за краткорочни интереси е спротивно на достоинството на нашиот народ..
Застанете со нас за слободна, суверена и горда Македонија!
Доаѓа времето на глобалниот југ!
Се будат народите од Азија, Африка, Јужна Америка…
Придружете се на телеграм каналот на Родина Македонија Телеграм Родина
Бидете дел од Родина Македонија, дел од новиот #постзападен, #мултиполарен свет!