You are currently viewing ЕУ-робија? Не, благодариме! Македонија се буди!

Пишува: Зоран Јованчев, член на Претседателството на Родина Македонија

Браќа и сестри Македонци, доста ни е! Од денот кога се осамостоивме, ни ја продаваат истата бајка: „ЕУ е вашата единствена иднина!“ Триесет и четири години ни го повторуваат истото, како во времето на комунизмот, кога имаше само една „вистина“! ЕУ не е идеја – тоа е ново едноумие, нова тиранија, што не трпи ни збор против! Секој ден, на секој канал, 24/7, ни кажуваат: „Без ЕУ сте никој!“ А ние Македонци, древни и стамени, со дела кои се почитувани помеѓу народите!

Кои се тие што ни проповедаат за ЕУ? Истите западни сили што ја основаа Европската заедница за јаглен и челик во 1951 година – Франција, Германија, Италија, Белгија, Холандија, Луксембург. Истите што после Втората светска војна, ги бомбардираа нашите браќа во Егејска Македонија, ги протераа, ги избришаа! И тие ни зборуваат за „мир“? Тие што ги менуваа границите на Србија со Косово? Не, браќа, западот не научи ништо од своите грешки – само смени маска!

ЕУ ни ветува единство, а ни дава бирократски ланци! Националните интереси на малите, како нас, ги газат за да ги задоволат големите играчи. Богатите стануваат побогати, сиромашните посиромашни, а мигрантската криза и нивната збунета надворешна политика само ни покажуваат колку се растурени! И после сè, ни велат: „Променете си го името, продадете си го идентитетот, за да ве примиме!“ Па, кој нормален народ би прифатил таков срам?

Гледајте ја вистината, народе! ЕУ не е единствениот пат! Погледнете ги Швајцарија, Норвешка, Исланд, Монако – не се во ЕУ, а живеат подобро од повеќето членки! Погледнете ја Македонија во времето на Груевски – економијата ни напредуваше подобро од многу ЕУ-држави! И што направија? Ни ја донесоа „Шарената револуција“, платена од западните центри за пропаганда, за да нè срушат! Сега гледаме Русија – под санкции, исклучена од западниот свет, а сепак расте економски. Зошто? Затоа што верува во себе, а не во туѓи бајки!

Зошто тогаш ние, Македонците, сè уште се држиме за ЕУ? Затоа што имаме политичка елита без р’бет, рециклирана како пластична амбалажа, и интелектуалци што за едно кафе во Брисел би ја продале и мајка си! Тоа се нашите „кафеави сахиби“, слуги на Западот, создадени да нè колонизираат. Негативната селекција ни го извади најлошото, а Западот им аплаудира, зашто им служат верноподанички!

Но, народе, гледај ги фактите: патот кон ЕУ нè уништува! Нашите деца заминуваат, нашите села празни, нашиот идентитет избришан. ЕУ ни нуди „шарени огледалца“, морална пропаст, сè спротивно на нашиот македонски дух, на нашите вредности! Од антиката па до денес, ние сме народ што живее по правда и чест, а не по туѓи догми!

Доста беше! Време е да се кренеме! Да го фрлиме „еуробскиот“ менталитет во канта и да си ја вратиме слободата! Нашиот пат е Родина Македонија – име што ја носи нашата душа, нашата грутка, нашиот род! Да изградиме систем достоен за македонскиот народ, каде нашите деца ќе растат горди и слободни, а не како слуги на Брисел!

Македонија на Македонците! Слобода или ЕУ!


Придружете се на телеграм каналот на Родина Македонија Телеграм Родина

Бидете дел од Родина Македонија, дел од новиот #постзападен, #мултиполарен свет!

Напишете коментар