You are currently viewing ЗОШТО РУСИЈА И КИНА СЕ ЗАКАНА ЗА ПОСТОЈНИОТ АНГЛОСАКСОНСКИ МЕЃУНАРОДЕН ПОРЕДОК?
  • Post category:Колумна

КОЛУМНА: ЗОРАН ЈОВАНЧЕВ, ПРЕТСЕДАВАЧ НА ПРЕТСЕДАТЕЛСТВОТО НА РОДИНА МАКЕДОНИЈА

На графиконот е прикажано одлевањето на пари од условно кажано од глобалниот југ кон глобалниот север, односно кон западните англосаконски елити.

Од 1960 година до 2017 година одлеани се:
– 6.500 милијарди долари од Карибите и Латинска Америка кон западот.
– 4.600 милијарди долари од Јужна Азија и Пацификот кон западот.
– 18.000 милијарди долари од Кина кон западот.
– 11.100 милијарди долари од Пацифик и Југостична Азија
– 12.300 милијарди долари од Централна Азија, Среден Исток и Азија
– 8.600 милијарди долари од периферна Европа кон западот.

Вкупно 61.100 милијарди долари од остатокот на светот кон западот.

Тука јас ќе го цитирам и нобеловецот и бивш економист во Светска Банка, Јозеф Штиглиц, “ЕУ корумпира мал дел од елитите за да ја втера земјата во ЕУ за да стане вечен роб за експлоатација со уништена економија, општество, социјални и морални норми”, и додава “земјите од Источна Европа да излезат од ЕУ ќе бидат најмалку 2 пати побогати”!

Стиглиц, бившиот главен економист на Светската Банка кој сакаше да спроведе реформи за развој на земјите по теркот на нациите а не на глобалистите исто така укажува дека Европа е барем двојно посиромашна отколку што можеше да не беше во ЕУ.

А во тој процес Источна Европа е најголемиот губитник од почетокот на 21 век. Во моментот и плаќа по $ 300-400 милијарди долари годишно на Западна Европа, главно на Германија, вели Стиглиц.
Извор: Коложег.инфо

Алчноста на англосаконските елити нема крај. Тие за да го одржат овој систем, направија глобален план за држење на човештвото во незнаење, декаденција, неморал, создадоа ЛГТБ+95 сексуални определби, трансродова идеологија, сеопфатно сексуално необразование, ги окупираа сите фрекфенции, инквизицијата која ја покрија под превезот на спречување на ширење на лажни вести, ги окупираа и изборите и го унапредија изборниот инженеринг за да си обезбедат поддршка во националните собранија, итн.
Во суштина идиотизирање и уривање на родот и создавање на одрод кој ќе биде од нив поставуван високо горе, да води.

Мотивот за таквите операции се погоре прикажани, само „кешот“и ништо друго.

И борбата на светот, кој не е запад, за свое место под сонцето, денес го покрија под превезот на русофилија, рубља патриоти, агенти на Москва и Пекинг, итн…

Браќа и сестри Македонци, секој народ се бори за своето место под сонцето!
Во одредени битки и моменти човештвото се обединува, за да се избори заедно.

Западните елити се смртно преплашени токму од надоаѓачкиот #Постзападен, #Мултиполарен, #Повеќецентричен свет, каде поробените народи ќе си го побараат своето.
Притоа тие ќе создаваат хаос, конфликти, ќе свртат народи еден на друг, а над глава ни виси и нуклеарниот армагедон.

Таа борба на 6 од 7 милијарди луѓе е немоновна и е веќе започната!
Формирани се БРИКС кој се движи кон БРИКС+ проширен, Шангјаската група за соработка, се фузираат евроазиските интеграции со азиските, „Патот на свилата“, човештвото излегува од англосаконскиот систем кој донесе етнички чистења, разрушувања, декаденција, одродување, неморал и влегува во создавање на нов систем, каде треба да се изнедри многу поправичен меѓународен поредок.

Паразитските ментални системи, „мали сме“, „се е договорено“, „сите се исти“ веќе се поразени од стануваме се поголеми, сакаме поправеден свет, работиме на создавање на поправеден свет, итн….

Македонија има славно минато и историја, има цивилизациски дела со кои може да се гордее.
Ние како народ имаме потенцијал да ја поведеме нашата борба за праведна, суверена Македонија.
Историскиот момент се наближува, веќе живееме во Постзападниот свет и дојден е моментот да го предизвикаме „Еден е изборот“, идиотологијата на евроатлантистите во земјата, поддржана од 40 политички партии.
Зошто и ти да не бидеш дел од тој процес на враќање на Суверенитетот на Република Македонија и создавање на поправедно општество?

Бидете дел од Родина Македонија, дел од новиот #постзападен, #мултиполарен свет!