Родина ја осудува досегашна политика на сите влади на пост-независна Македонија за затупување на масите со копирање на фалични Кембриџи итн и со својата програма за образование ќе ја донесе Македонија на врвот на светските листи, бидејќи го гледаме образованието како фундамент на нашиот изворен самостоен економски раст кој ќе обезбеди благосостојба и национална, културна слобода на Македонија и Македонскиот Народ за следниве 1000 години.
Дека Кина станува суперсила и во образованието кое е основа за нејзиниот спектакуларен економски бум покажа и едно светско истражување на 15-годишните ученици. Оние со образование под јаремот на глобалофашистите а со цел затупување на масите се далеку под просекот, како на пример САД а последниве децении и Македонија во која глобалистичките корумпирани марионети и ЕУ/НАТО папагали, по наредба на господарот воведуваа “Кембриџи” и разни други реформи со звучни имиња а со пустотија во содржина. студенти во Кина се скоро четири оделенија пред 15-годишните ученици од САД во математиката.
Секои 3 години Организацијата за Економска Соработка и Развој (OECD) врши тестирање на учениците од 15 годишна возраст ширум светот за нивната способност за расудување и самоизразување. Оваа недела Програмата за Проценка на Студентите PISA ги објави резултатите на испитаниците во 3 категории: наука, математика и читање.
И ова не е некое истражување спроведено на мал број ученици и студенти. На секои три години, Програмата за меѓународно оценување на студенти оценува 15-годишни ученици ширум светот во различни тематски области. Во 2018 година учествуваа 79 земји и економии, што претставува приближно 32 милиони 15-годишни деца.
Кина се вклучи во извештајот со 7 свои региони и популација од 250 милиони. Во извештајот се наведува дека и покрај тоа што резултатот не ја отсликува состојбата за цела Кина, бројките се фрапантни. Нивното достигнување беше уште позабележително, бидејќи нивниот просечен приход е далеку под просекот на членките на организацијата.
Но. Кина во последните 40 години ги дуплира средствата за образование циклично на секои 8 години и планира да продолжи со тоа темпо и понатаму. Ако се земе во предвид дека бруто националниот приход по жител во Кина е една четвртина од тој на САД, тогаш Министерството за образование направило вистински подвиг со подршка на половина милион училишта, 15 милиони учители и 260 милиони ученици кои зборуваат на 35 јазици.
Некој дамнешен кинески цар дошол до загрижувачка констатација дека ако се остават луѓето да живеат во благосостојба со полн стомак и топли алишта тие набргу дегнеерираат и затоа основал министерство за образование и дисциплина. Назначениот министер го подучувал населението на меѓучовечки односи како: љубов меѓу татко и син, должност меѓу владетел и поданик, за разликите меѓу мажот и жената, предноста на старите врз младите и довербата меѓу пријателите. Резултатите на оваа длабоко вкоренета Кинеска филозофија се видливи до ден денес.
Финскиот успех во образовниот систем интригира, но тоа го постигнале преку длабока реформа и затоа се наоѓаат на многу високо место што не било секогаш така.
А каде сме ние како Македонија после сите “Кембриџ” и останати реформи со звучни имиња и пустота во содржина по терк на како нашите слуги ги следат наредбите на глобалофашистите во затупување на својот народ? Погледнете самите, црвените точки се Македонија, сините се OECD просекот, и под “образовната” палка на ЕУ/НАТО папагалите на секое сме паднале под просекот:
А за одекот на ова истражување во САД, Мајкл Снајдер преку блогот „Крајот на американскиот сон“, го сумира шокот на Американците од резултатите. “Ова е едно од најжестоките разголувања на нашиот пропаднат образовен систем и како Америка се смета себе си “најголемата земја на Светот” кога другите нации апсолутно не надминаа во образованието? Дека како општество, станавме претерано „глупави“ можеме да го видиме дури и на највисоките нивоа на нашата влада. Само погледнете дел од луѓето што нè претставуваат во Конгресот”, вели Снајдер.
Нашето општество е буквално во смртна спирала, признава Мајкл Снајдер, но се чини дека никој не знае начин ова да го запре и продолжува: “Едукацијата на нашите деца е една од најосновните работи што треба да се прават, но за жал глобалистите имаат целосна контрола врз нашите училишта и тоа значи дека нема надеж за голем пресврт во скоро време.”
Кога како и патриотите во Амрика, ќе ја одземе контролата врз образованието на нашите деца од страна на корумпирани неспособни квази-научници без научни дела, Родина од темел ќе го возобнови изворниот Македонски образовен систем како што се обврзува во точка 24. од своите програмски принципи: Ревизија на образовните наставни програми во Македонски Дух од прво оделение до универзитетско ниво.
Горан Шумкоски, член на ИО-РОДИНА
Бидете дел од иницијативата за политичка партија „Родина“
https://rodina.org.mk/pristapnica/