Продолжува антируското дејствие на западниот колонијален свет.
Суспендирањето на Русија од Советот за човекови права при ОН е израз на лицемерие присутно подолго време во високите кругови на Домот на народите, Обединетите нации, но и во други меѓународни сојузи.
Воедно сакаме да укажеме дека За, не гласале ⅔, кој е е предуслов за исклучување, туку само 93 од 175 нации.
Сакаме да им честитаме на тие 24 земји кои гласале против и кои се пример за независни и суверени земји и народи на светот!
Западните сили очигледно сè уште имаат влијание во светот и истото го користат за продолжување на русофобната политика, која на моменти достигнува размери на комплетно колективно лудило.
Како Македонци многу добро ни се познати двојните стандарди на западните сили уште од 1913 и поделбата на Македонија, етничките чистења во Егејска Македонија од крајот на 19 век, откако се востоличи баварскиот германски принц Ото во Атина и Хабсбург во Софија, првата воена интервенција на западните сили после 2 светска војна во 1948 во Егејска Македонија, етничкото чистење на Македонците во западна Македонија, непризнавање на основните човекови права на Македонците во земји членки на ЕУ и НАТО, Хашки случаи, итн…
Родина Македонија сака јавно да истапи, дека не признава никакви одлуки на Хибридна влада, донесена по пат на хибрдина војна, раководена од инженери за социјален инженеринг на истите тие западни сили кои извршија геноцид врз скоро сите народи на нашата планета.
Ние сме за независни истраги за сите воени злосторства, потпрени на факти, докази а не на театар, Холивуд сцени и наратива спремана од еден центар.
Бидете дел од политичката партија „Родина Македонија“