You are currently viewing ПОПИСИТЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА КАКО АЛАТКА НА ИРЕДЕНТАТА ЗА СОЗДАВАЊЕ НА ГОЛЕМА АЛБАНИЈА И ПАЗАРОТ НА БЕДНИТЕ МАКЕДОНСКИ ПОЛИТИЧАРИ!

Како се реализираше пописот  во 2002 година и кој сѐ интервенираше во бројката на албанското малцинство ?

Се изврши огромен притисок  врз нашите браќа Македонци од муслиманска вероисповест да се попишат како Албанци, истото се случуваше и со Ромите и Турците.

Попишувачите беа принудени да попишуваат со копии од лични карти пратени по факс  машина од Швајцарија, Германија и други европски земји. 

И покрај  таквите деформации во попишувањето, Албанците застанаа на бројката од 17,6% од вкупното население во Република Македонија.

После интервенцијата на  американската амбасада, бројката на албанското етничко население порасна  на 25%!

Многу битно е да потсетиме  дека пописот од 2011 година,  планиран  од 1 до 15 октомври, беше стопиран на 10 октомври со поднесување на колективна и неотповиклива оставка на пописната комисија. Овој попис, започна и  беше проследен со многу скандали, физички пресметки, оставки, прекини. Финалното образложение беше за наводна неусогласеност на  методологијата на Државниот завод за статистика  со нормите на ЕУРОСТАТ. Но повеќе од евидентно беше дека немаше усогласување на нарачаната застапеност на процентот на албанско население, на кој инсистираа  албанските партии, ДУИ.

За да деновиве  екс премиерот Никола Груевски,  во ФБ статус  на долго и широко дава совети (соли памет) окулу реализацијата на актуелниов попис!?

Актуелниов  попис повторно се користи во политички цели, за спасување на коалиција, за зачувување на власт, но и за иредентистички цели, голема Албанија.  Американската амбасада повторно грубо се меша во внатрешните работи на Република Македонија.

Со донесувањето на еден апсурден,  ад хок закон за Попис,  тн владеачко мнозинство намерно, но и со умисла, пласира закон кој  е без јасни дефиниции,  со многу недоречености  но и без јасна методологија.

Сѐ додека не се воведат нови стандарди за попишување, не се обезбеди прикажување на вистинската бројка на населнието  кое живее во Република Македонија, (разграничување на  резидентно и нерезидентно население),  сѐ додека не се отстранат сите лични карти и државјанства издадени на косовари, ние не можеме  и не смееме да влеземе во авантура, процес на попишување.

Зарем не ни беа доволни сите досегашни манипулативни и предавнички состојби на оваа власт, која и првиот и вториот пат со фалсификати и уцени дојде на власт. Уште колку пати ни треба да се потсетиме на предавничките договори кои не донесоа во целосно губење на идентитетот, историјата. Игнорирање на највисокото демократско право на одлучување, преку референдум.

Ако на ова ја додадеме и безбедоносната здравствена состојба со Сарс Ков 2, каде строго се забранети  групирања, не повеќе од четири лица, криза која  ги затвори компаниите, угостителските објекти, зошто да ризикуваме?

Попишувачките тимови ќе одат од дом до дом, секако во некој од домовите има позитивен, асимптоматски, симтпоматски, секако во некој од домовите вирусот лета на партикулите, наша обврска е да го заштитиме нашето здравје и здравјето на нашето семејство.

Попис оваа година под овакви околности не смее и не треба да има и Родина Македонија ќе се залага истиот да се одложи, а до тогаш сите аномалии горе спомнати да бидат отстранети.

При тоа, доколку е потребно, ќе подигнеме и здружена опозиција, во интерес на сите граѓани на Република Македонија

Воедно, сакаме да се обратиме и до директорот на Заводот за статистика, кој се закани  на народот со 5 години затвор, за граѓаните кои нема да прифатат да се попишат. Таквите закани се непримерни за носители на функции кои треба да бидат во служба на народот. За оваквите закани,  во блиска иднина,  ќе има задолжителна одговорност.

Реален заклучок е дека една оваква  статистичка операција,  „Попис на населението, домаќинствата и становите во Р. Македонија“, реализирана по терк на заговорништво, уцени, туѓи интереси, притисоци и слично,  може со најголема сигурност да не чини опстанок на државата!

Бидете дел од политичката партија „Родина Македонија“

https://rodina.org.mk/pristapnica/