Мора да извршите приватизација за да влезете во еу/нато. Се разбира нека биде криминална, никој официјално од западните дипломати не го побара криминалниот начин, но никој официјално и не побара да се сопре, да се најдат и осудат виновниците како што бараа на пример за Уставобранителите од 27 Април. Зошто? Мора да го смените името за да се интегрирате во еу/нато. Мора ја албанизирате Македонија. Официјално никој од западните дипломати не го рече ова, но секогаш вршеа притисок и беа главни креатори од лажните масовни труења во училишта со доминантно албанска застапеност, преку законот за високо образование во далечната 1997 преку кој албанскиот јазик влезе во високото образование, преку војната 2001, рамковниот договор, фалсификуваниот попис, амнестијата на терористите, законот аз територијална поделба, етапното воведување на двојазичноста на државно ниво, геноцидните договори со соседите, малиот шенген за големата албанија . . . и како ова да не беше доволно сега и комуникациската мрежа од петтата генерација, во народот позната како 5Г мрежа, да ти била услов за влез во нато. Кај на сила не буткаат во нато уште и услови поставуваат, демек ние сакаме.
Господине Столтемберг, Македонците во врска со нато, еу и името, се што имаа да кажат беше масовниот бојкот на референдумот на 30 Септември 2018г. Македонците не сакаат во нато.
Во врска со 5г мрежата има многу што да се каже, но кога веќе сакате и тоа да го инсталирате кај нас, би било добро да објасните: 1 Зошто инплементацијата на 5г во цивилниот сектор ви е битна на вас како воен сојуз? 2 Дали можеби за вас како воен сојуз не е побитно припадниците на АРМ да набават прво чизми и да им се покачат платите по нато стандардот, а потоа по дома да користат 5г мрежа? 3 Дали знаете дека во Македонија сеуште постојат населени места кои после првиот снег остануваат отсечени од урбаните средини и без електрична енергија и по два до три месеци, како 5г мрежата ќе им го подобри животот на овие луѓе? 4 Зошто мислите дека супер брзиот интернет е поголем приоритет од чистиот виздух? 5 Зошто како услов досега не поставивте апсење на сите криминалци, покачување на животниот стандард и задржување на младите на родните огништа?
За 5г мрежата господине Столтемберг, научната фела има поднесено повеќе барања за стопирање на сите тестови, затоа што сеуште се сумираат податоците од штетноста на 4г, а првичните ефекти од 5г на локациите каде е тестирана се застрашувачки. Нарушување на здравјето на луѓето, главоболки, нарушување на имуниот систем, зголемена појава на канцерогени заболувања, помор на птици и најстрашното, помор на пчелите, без кои знаеме дека целокупниот живот на планетата ќе биде уништен.
Со 5г мрежата може да се добијат уреди контролирани преку интернет, од хранилка за вашето милениче дома додека вие сте на пат, преку блендерот, смукалката, ролетните, влезната врата, видео следење на многу локации истовремено преку вашиот телефон па се до автоматскиот автомобил со авто пилот и такси возила без возач. Зошто е сето ова во Македонија кога 95% од населението не може да си го дозволи, а 50% од населението сеуште користи техника произведена во минатиот век? Пари за нови и скапи уреди нема. За планираното чипирање и можноста за контролата на луѓето преку 5г мрежата се уште никој не зборува, но ќе дојде ред и за тоа.
Одговори секако не очекуваме од вас, ниту од коалицијата сдс-дпне менаџирана од вас а преку албанскиот блок партии, нашите очекувања се од македонскиот народ конечно да сфати каде вие и вашите македонски послушници го носите, и конечно после триесет години агонија да им стави крај на сите партии кои се за еу/нато (дез)интаграција, да ја земе власта во свои раце преку нови и чисти партии, да им пресуди на сите оние кои се огрешиле во минатото а здравјето, среќата, просперитетот и детскиот џагор повторно да се вратат во македонските градови и села.
Ако услов за влез на некоја држава во нато е да се воведе 5г мрежа и да не се вика Македонија, тогаш Кина ги исполнува условите, се пофалија дека во некои градови имплементирале 5г, а секако располагаат и со поголем демократски капацитет дури и од вашиот, поканете ја неа во нато , нас оставете не мирно по македонски да си живееме.
Бидете дел од иницијативата за политичка партија „Родина“