Во една од своите изјави, на 7 мај оваа година, Филипче изјави дека ДОДЕКА биде пронајдена вакцина за КОВИД-19 се размислува за широк опфат на вакцинација против сезонски грип со која ЕВЕНТУАЛНО би се „заштитиле“ и од коронавирусот (или КОВИД-19?)
Знае ли министерот дека луѓето кои ја примиле вакцината за грип ќе бидат први кои би починале во евентуална глобална пандемија затоа што се подложни на инфекции? Овој факт е научно докажан и може да се најде во повеќе студии достапни за широката јавност.
Фактот дека од Ковид најмногу заболуваат и умираат постари лица во комбинација со фактите од студиите ни дава за право да сметаме дека добар дел од починатите веќе биле вакцинирани од сезонски грип!

Наместо да планира непотребнa и од никого непобаранa вакцина која предизвикува инфекции и смртност при епидемии, Филипче да одговори на следниве прашања:
• Колку од заболените пациенти биле вакцинирани со вакцина за сезонски грип?
• Колку од заболените пациенти биле вакцинирани воопшто? И со кои вакцини?
• Дали се впишуваат сите починати кои починале СО КОВИД-19 и ОД КОВИД-19 како починати ОД КОВИД-19?
• Колкава е смртноста општо на популацијата во последните пет години за периодот јануари – април по видови на морбидитет?

РОДИНА МАКЕДОНИЈА не прифаќа општа ад-хок од-око не-научно базирана вакцинација на македонскиот народ која е побудена исклучиво од ниските страсти за финансиски лични интереси и краткорочните политички потреби на предавничката Хунта!

Бидете дел од политичката партија „Родина Македонија“

https://rodina.org.mk/pristapnica/