Вештачки наметнатиот хаос со т.н. „корона вирус“, како стојат работите, нема дно. Приближно еден месец сме сведоци на нејасна борба на државата против нејасен противник. Настрана што секоја болест е проблем сам по себе и како таква  носи само трагични последици. Настрана што секој свесен и совесен човек и без да е непосредно загрозен, сочувствува со страдањата на другите околу него. Тоа е морална, културна реакција на секој поединец, зашто секому од нас му е дадено чувството на припадност кон една група, заедница или идеја. Но, случувањата на кои сме денес сведоци, а кои се одвиваат на глобално (светско) ниво, го доведуваат во прашање и моралното и културното. За среќа, можеби ја имаме историската привилегија да бидеме сведоци на пропаѓањето на мрачните глобал – фашистички позиции!

И, така, тргнувајќи од однадвор наметнатото, државата воведе вонредна состојба за да, наводно, се справи со последиците од  т.н. „корона вирус“. Нема ништо спорно во тоа да се воведе вонредна состојба. Впрочем, тоа е уставно право на државните институции и тоа не спорно. Но, волунтаризмот во неговата примена, секако е спорен. Спорно е и глупавото, беспоговорно и шарлатанско следење на „инструкциите“ на разни сатанизирани белосветски, а оцрнети организации и институции. Според тој волунтаризам, Владата секојдневно донесува уредби со законска сила со што, на различни начини, го суспендира и Уставот на државата, по свое видување. Па така, како изгледа, годинава ќе не присилат и да не ја земеме Светата Причест, односно ќе ни се ограничи присуството на (нај)свечената литургија. Индиректните решенија, односно наредби во донесените уредби, многу директно ни кажуваат дека не ќе можеме да се појавиме пред црквите спроти Велигден и да ја примиме Светата Причест. Или, како би рекол митрополитот Агатангел Повардарски: „…во сите тие заштитни мерки, ме загрижи тоа што во нив се препознава еден многу пострашен вирус од актуелниов, а тоа е вирусот на неверието и маловерието. Првите кои излегоа или предложија да се затворат храмовите, да не се служи Света Литургија, се токму оние лажни верници, кои никогаш не се причестиле со Христос, никогаш не дозволиле да ги допре и преобрази благодатта Божја. Ѓаволот не мирува и не спие, и негова најголема желба и триумф е да ги оддалечи луѓето од Светото Крштение и Светата Причест…“.  

Да ги потсетиме „загрижените човекољупци“ (а тоа се истите оние кои му ја продадоа државата на тој „сакан“ народ) дека слободите и правата на човекот и граѓанинот се гарантирани со Уставот на државата. Тие можат да се ограничат само во случаи утврдени во Уставот! Значи, само во случаи утврдени во Уставот, а не и во случаи утврдени со закон и – уште помалку – со уредби со законска сила кои ги донесува една Влада, а згора и без легитимитет.  А, Уставот вели дека „Ограничувањето на слободите и правата не може да се однесува на правото на живот, забраната на мачење, на нечовечко и понижувачко постапување и казнување, на правната одреденост на казнивите дела и казните, како и на слободата на уверувањето, совеста, мислата, јавното изразување на мислата и вероисповеста“! Па така, се што е поинаку регулирано со закони и други прописи, а кои навлегуваат во неповредливоста на споменатите слободи и права, вклучително и вероисповеста, се спротивни на Уставот на Република Македонија. 

Има потреба нешто и да појасниме. И Уставот и законите и уредбите се, сепак, само човечки творби. Верниците Христови имаат потреба од почитување (и) на Божјите закони. Правото да присуствуваме на свечена литургија ниту ни го даваат ниту може да ни го одземат човечките закони! Свеченото соединување со крвта и телото Исусово преку виното и лебот, а во присуство на Светиот Дух, не е работа ниту на еден закон ниту на едно државно – институционално постапување, нормирање или забрана. Тоа е реално соединување, кое можеби има и симболично значење, а вперено против ненародната, антихристова власт: „Светото Соединување, закрепнувајќи ги нашите телесни и душевни сили, ни служи и како непобедливо оружје во победата над невидливиот непријател на нашето спасение – ѓаволот“!

КОСТА ЈОВЧЕВСКИ, ЧЛЕН НА ПРЕТСЕДАТЕЛСТВОТО НА РОДИНА МАКЕДОНИЈА

Бидете дел од политичката партија „Родина Македонија“

https://rodina.org.mk/pristapnica/