You are currently viewing НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ НА АЛБАНЦИТЕ СО НАШИ ПАРИ ИМ ГО ОСТВАРИВМЕ СОНОТ ЗА НИВНОТО ПОВРЗУВАЊЕ-ОБЕДИНУВАЊЕ, КАКО САКАТЕ!

„…се оствари сонот на граѓаните (се мисли на Албанците воопшто) за автопатско поврзување од Ќафасан со Албанија до Блаце со Косово.“

Колумна-анализа на Елизабета Чингарова Матевска

Безочно и безобзирно е да се даде горе наведенава изјава, поточно порака  од самобендисаниот преведувач од жолтата куќа, по вокација деликвент, самопрогласениот прв  вицепремиер во реално очекување да стане и премиер на северната, со што во ЧЕТИРИ балкански држави истовремено ќе има АЛБАНЦИ ПРЕМИЕРИ!  АШКОЛСУН ЌЕРАТА!

Да не се вчудоневидуваме кога стратешките ни, на цел глас се фалат за нивното остварено дело, одличниот соживот помеѓу Албанците и некое си православно население во севернава!!!

ФАКТИ ЗА КОРИДОРИТЕ 8 И 10

ПРЕД СЀ, НАГЛАСУВАМ се крева ДИМНА ЗАВЕСА од опозицијата и некои албански  медиуми  за изборот на надзорниот орган за  сума од 22 милиони евра, со што се фрла сенка на вистинскиот криминал.

ХРОНОЛОШКО ОБЈАСНУВАЊЕ

  • Законот, кој го предложија пратениците  Јован Митревски, Арбр Адеми, Кастриот Реџепи и Сурија Рашиди овозможи реализација на Меморандумот што го потпиша Владата со компанијата „Бехтел и Енка“ како стратешки инвеститор за изградба на автопатите Тетово – Гостивар, Струга – Ќафасан, како и Прилеп – Битола. Со него прв пат се предвидува изградба преку нов модел без распишување на тендер.
  • Следуваа млаки критики од невладиниот сектор.
  • Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) го даде овој закон на Уставен суд со аргументи дека не е јасно зошто владата не е подносител на законот, зошто процедурата да не се одвива преку редовна транспарентна постапка и дека недостига образложение како е избран токму конзорциумот „Бехтел и Енка“ за стратешки партнер. Со образложение дека предложениот закон  ги крши уставните начела за слобода на пазарот, како и начелото дека државата  ќе преземе мерки против монополска положба.
  • Уставен суд ја отфрли иницијативата на ДКСК, како и сите останати постапки досега, кои беа поведувани овие години кон властите. 
  • Следеше  усвојување на овој закон во Собранието на  Македонија, по скратена постапка.
  • Првиот вицепремиер Артан Груби, кој сега е дел од владината работна група, одлуката на Уставен ја нарече „вест на годината“ бидејќи сега нема правни пречки да се оствари сонот на граѓаните за автопатско поврзување од Ќафасан со Албанија до Блаце со Косово.
  • ЗАКОН ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ЈАВЕН ИНТЕРЕС И НОМИНИРАЊЕ НА СТРАТЕШКИ ПАРТНЕР ЗА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ПРОЕКТОТ ЗА ИЗГРАДБА НА ИНФРАСТРУКТУРНИОТ КОРИДОР 8 (ДЕЛНИЦА: ТЕТОВО ГОСТИВАР БУКОЈЧАНИ И ПРОЕКТОТ ЗА АВТОПАТОТ ТРЕБЕНИШТА СТРУГА ЌАФАСАН) И КОРИДОРОТ 10 д (ДЕЛНИЦА НА АВТОПАТОТ ПРИЛЕП БИТОЛА) ВО РЕПУБЛИКА С МАКЕДОНИЈА (Службен В. на Р.М. бр:163/2021 од 16.7.2021, стапува во сила на 24.7.2021 год.)

КОИ СЕ „БЕХТЕЛ И ЕНКА“?

Конзорциумот се состои од американски и турски партнер. Логичен е интересот на компанијата „Бехтел и Енка“ за македонскиот пазар кога нивните ресурси ни се до граница. Градат во Албанија, Косово и Србија, но оваа компанија ја следат и бројни скандали и застои во работењето.                                                                    

На пример, помпезно најавеното патриотско поврзување на Косово и Албанија заврши со драматично зголемена цена од првично договорената. Имено, најавените 300 милиони евра се финализираа во  фантастични 1,1 милијарда евра. А целата финансиска афера се затвори со заклучно образложение на Врховниот суд, закаснување на роковите во истрагата.

Одобрувањето на договорот за изградба на Коридорот 8 и 10 доаѓа по четиринеделните преговори кои се водеа меѓу консултантот за финансиски трансакции на Владата, ИРД и меѓународниот конзорциум „Бехтел Енка“.

На 2.2.2023 година во владата е потпишан договор со италијанската ИРД инжинеринг за надзор и правен трансакциски советник за четирите автопатски делници во должина од над 110 километри на коридорите 8 и 10 во вредност од 1,3 милијарда евра, со рок за изведба од 3 години.

Директорот на ИРД инжинеринг Паоло Орсини на потпишувањето на договорот вети дека ќе обезбедат највисоко ниво на надзорни услуги и дека  навремено и квалитетно ќе бидат завршени работите. Сега веќе пристигнуваат информации за домашни фирми кои се дел од ИРД, а се некомпетентни и регистрирани во текот на договорната постапка.

За стотина километри  автопат државата се задолжува со 1,3 милијарди евра, што значи фантастични 11-13 милиони евра за еден километар автопат.

За споредба може малку да се истражи и да се направи компарација. Така, во ЕУ со најниска цена се автопатите во Данска, потоа поскапи се во Хрватска, Словенија, Чешка, Германија за да најскапи бидат во Унгарија и Австрија. Се движат некаде помеѓу 6 и 12 милиони евра по километар (малку постари податоци), плус поскапување од 20%. Така последна цена на новиот автопат  Београд-Бања Лука изнесува нешто помалку од  9 милиони евра за километар.

 Не знаеме поединости за коридорите 8 и 10, во каква состојба е проектната програма, но и каков е договорот за експропријација,  кој во принцип е на конто на државата.

Инженерската работа е едноставна. Ако проектантот направи солидна предмер пресметка, тогаш не треба да има отстапувања поголеми од 10%, а количината од извршените работи нема да биде поголема од 3%. Изведувачот секогаш игра на непредвидени земјени работи кои носат добар профит, но со денешната напредна технологија, недозволиви се такви манипулации.

Останува да видиме што ќе се изгради и дали ќе ја гледаме истата неславна приказна како за автопатот Кичево-Охрид кој исто така помина без распишан тендер, а требаше да биде готов уште во 2018 година. За сега неизвесно е неговото финализирање, а од почетната предвидена цена од 374 милони ЕУР, до сега ја надмина сумата од 600 милиони евра!

ДАЛИ Е ТОА 60% ПОСКАПУВАЊЕ?!