• Post category:Колумна

Се случи и тоа, фашизмот триумфираше во центарот на Скопје по втор пат во еден век. По втор пат фашистите преку негација на Македонците прогласуваат своја држава на територијата на Македонија. 

Првиот пат тоа го сторија во 1944 година, преку бугарска воена агентура со помош на домашни предавници, а сега со албанската терористичка инсталација и повторно со одред домашни предавници, 114 на број. И нормално, посредникот го има главниот збор на својот јазик, тогаш на бугарски, сега на албански. Продадените македонски души седат во собраниските столчиња и аплаудираат, веројатно секој пропорционално по интензитет со колачот што го голтнал. Вреди ли? Вреди ли ова предавство за срамот што нивните семејства со генерации ќе ги јаде читајќи си ги имињата во историските читанки на своите блиски во својство на предавници? Парите, колкава и да е сумата, се трошат, образот не се обелува.

Го креваат окупаторското знаме, сино по боја, крваво по значење, а нашите предавници аплаудираат. Останува нејасно прашањето за што беше аплаузот. Дали за запалените македонски села од напалм бомбите фрлени од водечките нато држави 1948 година? Дали за бомбардираните школски автобуси, сведбени поворки и детски болници низ Авганистан, Ирак, Сирија, Либија? Или можеби аплаузот беше за невините директни жртви во соседна Србија пред 20 години, но и индиректни кај нас, озрачени од прашината осиромашен ураниум?

Велат давеникот во очај и за сламка се фаќал, надевајќи се дека ќе се спаси. 

Па така Хитлер, 1944 година губејќи на сите фронтови дава налог на своите бугарски соработници да формираат фашистичка влада во Скопје и со тоа да ја одбележат територијата како своја, односно да покажат дека сепак напредуваат во своето освојување на светот. 

Деновиве НАТО, исто така губејќи воено на сите фронтови, но и економски на сите пазари, со помош на својата терористичка инсталација и македонските предавници во Собранието, го кренаа знамето за да ја истакнат својата моќ на освојување.

Тогаш преку грчко-бугарско-балистичка воена окупација и физички убиства потпомогната од фашистичка Германија, денеска преку фашистички договори со Бугарија, Грција и Тиранска платформа, идентитетско убиство, прекројување на изборни и општински граници, потпомогнати од глобалфашистичкото НАТО.

Тогаш 100.000 Македонци со пушка во раце го победија непријателот. Денеска е потребно 100.000 Македонци да го вклучат мозокот и да не ги следат предавниците, туку својот инстинкт за опстанок како Македонци.

БОБИ ЃОРЃИЕВСКИ, ЧЛЕН НА ИО – РОДИНА МАКЕДОНИЈА

Приклучи се во првите 1000 основоположници кои во рекордно време следниве неколку недели ќе ја формираат единствената Македонска, суверенистичка, непоткуплива и визионерска опција за градење на Македонија на здрави темели за следните 1.000 години
Листа на нотари