Синоќешниот настан во бугарското Собрание, каде парламентарци извадија памфлет на кој пишуваше „Македонија е Бугарија“, ни дава до знаење дека во Бугарија повторно дуваат ветриштата од 1941 година, кога токму бугарското Собрание донесе едногласна одлука за ОКУПАЦИЈА на МАКЕДОНИЈА.
Кога Македонците го поразија бугарскиот фашизам во 1945, добар дел од гревовите на Бугарија и бугарскиот народ беа простени, а беа договорени низа на активности во бугарското општество за добивање на човекови права на Македонците, како и добивање на културна автономија на Пиринска Македонија, која подоцна требаше да се приклучи кон СФР Југославија.
Со повторното повампирување на фашизмот во бугарското општество, Родина Македонија ќе го актуелизира прашањето за воени репарации од страна на Бугарија кон Македонија за периодот од 1941-1945, враќање на Пиринскиот дел од Македонија кон Матицата Македонија и враќање на сите украднеи културни блага.
Биди дел од Родина Македонија!