You are currently viewing ПОВТОРНО ЗА ДЕКОДИРАНИОТ „КОД“

Пишува: Коста Јовчевски – Корчагин, член на Претседателството на Родина Македонија

„При изработка на законите за безбедност на личноста, на прво место
по остварената опасност не ќе ја ставиме психотрониката како таква, туку
дејството на електронските средства за масовна
комуникација. По степенот на цинично и неконтролирано перење
на мозоците со таа дејност ништо не може да се спореди.“ (Јуриј
Лопатин, експерт на Руската Државна дума).

И ете, се случи, настана и ТВ „Телма“. Од неа произлезе емисијата
„Код“. А, од „Код“ – безброј цинични и неконтролирани опасности. Мислам,
посебно на емисијата од 29.9.2024 година. Видовме сценарио посветено на
одбрана на неприродното, патем искомбинирано со неоснован напад на
Родина Македонија, на Русија, на поединци…по сопствено наоѓање на
авторот на емисијата. Родина реагираше, па даде соопштение за јавноста
(само, каде би можело тоа се чуе во нашиот најцрн информативен мрак, во
нашето не едноумие, туку – безумие?) аргументирано, коректно како што,
впрочем, Родина секогаш тоа и го прави. Се разбира, оваа емисија имаше
задача не да се расправа за вистината со аргументи туку во нејасно
искомпонираното сценарио повторно да ни се наметне болно –
ретардираната идеја за одредени болно – ретардирани намери и цели,
наметнати од најмрачните светски центри на перверзијата. Притоа,
нагласокот беше ставен повторно на Русија, во случајов – ни крива ни
должна. А, сета таа „аргументација“ на творецот на оваа емисија обилно
засилена со морбидна драматична музичка позадина како застрашувачка
опомена за оние кои не сакаат да им поверуваат или за се уште
неодлучните.

Од овие причини неодоливо ми се наметнува како потреба
цитирањето на следниов текст, кој совршено се вклопува и во поглед на
емисијата, а и во поглед на нашите состојби. Ако заради ништо друго, а тоа
заради голо запознавање со она што го живееме и за она што сосем извесно
допрва ќе го доживееме:

„Посејувајќи во Русија хаос, ние незабележливо ќе ги замениме
нивните вредности за лажни и ќе ги принудиме да поверуваат во тие
лажни вредности. На кој начин? Ќе пронајдеме свои
истомисленици, свои помошници и сојузници во самата Русија.
Епизода по епизода, по своите размери ќе се одигра грандиозна
трагедија на пропаст…со конечно непоправливо разградување
на неговата самосвест….Книжевноста, театарот, киното – сите ќе ги
претставуваат и прославуваат најниските човечки чувства.
Ние на секој начин ќе ги поддржуваме и возвишуваме таканаречените
автори кои, во човечката свест, ќе го всадуваат и продлабочуваат
култот на сексот, насилството, садизмот, предавството – со
еден збор, култот на каква било искривоколченост.

Честа и верноста ќе бидат исмејани и ќе постанат
непотребни, ќе се претворат во остаток на минатото. Грабежите и силата,
лагата и измамата, пијанството и наркоманијата, стравот и
бесчувствителноста, предавството, нездравиот национализам,
непријателството на народите, пред се, непријателството и омразата кон
рускиот народ. Се тоа вешто и незабележливо ќе го направиме култно…

А само мал број на луѓе ќе сфати и ќе погоди што се
случува. Но, таквите луѓе ќе ги поставиме во беспомошна
положба, ќе ги фрлиме на маргината. Ќе пронајдеме начин да ги
обвиниме и да ги прогласиме отфрлени од останатото
општество.“ (никој друг туку Ален Далас, поранешен директор на ЦИА,
коментирајќи го американскиот проект „Ултрамозочна контрола“ во кој и
тој самиот имал удел).

Совршен цитат за нивна применливост и за реалните состојби во
Македонија! Не знам каде и дали се применуваат и на друго место (а се
применуваат!) овие злосторнички замисли и проекти на нашиот
„стратешки“ партнер, но во Македонија – секако! Оние кои ја смислија оваа
концепција на дејствување заради уништување, се денес наши „стратешки“
партнери. Заради наметнување на својата сила во функција на црни
сценарија, се користат и поединци и медиуми и разни сомнителни
организации за кои никој жив нема увид како и од кого се финансирани и
кои им се вистинските намери и цели. А, се прозиваат оние кои не се
согласуваат со нив и имаат свое мислење засновано на традиционализмот,
културата, домашното воспитување, на сеќавањата…на се она што
претставува македонски идентитет и кои – чесните и патриотите – не
дозволуваат да им се одземе.

А, што видов во оваа емисија на „Код“?
Целосно нејасна концепција и водство на самото сценарио. Се
започна со свештено лице од Русија (?), па се заврши со одјавна шпица (тоа
ми се чини беше најјасниот дел од емисијата), а меѓу тие две случувања беа
оцрнети сите оние кои ги застапуваат македонските традиционални ставови
во врска со заштитата на децата, ја поддржуваат природната релација маж –
жена – деца…

Притоа, Русија никако да се заобиколи, па беше вмешана во работи
кои немаа ама баш никаква врска со темата, ако тема воопшто постоеше.
Целта – препознатлива: оцрнување на Русија секогаш и секаде каде што е
можно, а богами и неможно. Претпоставувам, за собирање на поени и за
задоволство на гуруто кој седи на милениумскиот археолошки локалитет
под Калето.

А, што да правиме со тенденциозноста на наметнатите ставови заради
постигнување на целта која е замислена? Во согласност со тој принцип, во
емисијата вклучија некојси лик, кој заштитата на хомосексуалците,
трансродовите недефинирани полови и слични недефинирани лица, ги ж

прогласи за близу врвна наша животна борба, а стекнав впечаток од
неговиот настап дека вообичаено нормалните луѓе и организациите кои
различно размислуваат од него, би ги испратил на бесилка (се некако имав
чувство дека изразува жалење што таа не му е при рака, макар што, во
налетот на заштитничката егзалтација, помислив дека и гиљотината би му
завршила работа). При вакви црни појави на кои им е оставен простор за
наметнување на исти такви сценарија, сепак, емисијата внесе и забавен
момент, кој ми го задржа понатамошното внимание, а се со надеж дека ќе
има уште вакви моменти. Имено, тоа е делот од емисијата кога еден читач
на вести во ТВ „Сител“ беше претставен како експерт за религиозни или
црковни работи, сеедно. Го пронашле околу неизградената руска црква (а,
баш ме интересира што ли се врткал токму околу руска црква?). И тој
„експертски“ ни појасни дека Русија навистина се мешала во црковните
работи (тука не смее да има дилеми!), додуша, неколкупати
релативизирајќи го својот став користејќи „не знам“. Но, штом е Русија во
прашање, лесно е и глупост да кажеш, цената секако ќе ти порасне. За жал,
позадината е многу посериозна одошто потребата за забава.

И конечно, се поентираше и со новооткриените „русофили“ во
Македонија, а меѓу нив – Родина Македонија. Сепак, се обидувам да гледам
од посветлата страна на проблемот: самото спомнување на Родина, макар и
во негативна конотација заради оцрнување, би го сфатил како напредок, со
оглед на тоа дека во некои телевизиски куќи имаме дури и забрана за
појавување или рекламирање. Се е по правилата на самопрогласената
американска и западноевропска „демократија“: ЕУ – НАТО – САД немаат
алтернатива, затоа што изборот ви е еден! Или тие или ќе ви следи
дестабилизација, со можност за оружен судир, се разбира, се во интерес на
нашето добро.
А, за величењето на Партениј, за клеветите за странско (читај: руско)
финансирање, за давањето тенденциозна предност на сомнителни
категории на лица каде што овие нормалниве се прикажани во негативна
смисла и се ставени на осуденичка клупа…немам баш време. Немам време
не заради нормалните кои во својата душа се уште не се опфатени со
злокобно – фашистичко – геноцидните планови и проекти кои погоре ги
цитирав и кои се возљубеници на традицијата, македонизмот, воопшто на
својот македонски род, пород, народ, на вистината, на правдата, на
чесноста, на православието, на семејството и на децата…, туку немам време
заради овие другиве, спротивните кои не припаѓаат кон ниедна од наброени
вредности. Со нив, изгледа, допрва ќе не очекува расчистување.

P.S. И, на крај, јас сум горд што припаѓам на малиот ама свесен број
на луѓе. И, не сум беспомошен. И нека бидам обвинет, ама зад себе јас ја
имам вербата во Македонија, во мојот род, пород, народ, во Светата
православна црква и во вистинските традиционални, културни,
историски…воопшто, во нормалните вредности. И уште нешто: лично имам
бескрајна почит кон Русија. Треба ли некому да му полагам сметка за тоа?
Треба ли некому да му појаснам зашто е тоа така? И, кому?

Напишете коментар