Пишува: Зоран Јованчев, Претседавач на Претседателството на Родина Македонија
Министерството за внатрешни работи соопшти дека заедно со Јавното обвинителство интензивно ги следат сите изјави и коментари на социјалните медиуми поврзани со случувањата во Украина и согласно своите законски надлежности ќе превземат кривичен прогон против сите сторители кои со своите објави и јавно изнесени ставови ќе одобрат или оправдаат геноцид, злосторства против човечноста или воени злосторства, укажувајќи дека тоа е кривично дело предвидено во членот 407-а од Кривичниот законик.
Денот е понеделник, 04 Март, годината 2022, многу слична на 1948-та, кога се прогонуваа и затвараа соработниците на Сталин, односно македонските титани кои го кренаа НОБ и АСНОМ. А како велат, ако сакаш да го дознаеш нарачателот, тргни по трагот на парите. Првите пари веднаш после ослободувањето, Југославија ги зема од западот!
1953 година под покровителство на САД, таа веќе беше во воен сојуз со Турција и Грција, 5 години после напалм бомбите врз македонските градови и села во Егејса Македонија, кога Југославија молчеше.
После неколку кратното протерување на руските дипломати, потполно ни е јасно што следува, прогон на тие кои не размислуваат, „Еден е изборот“, „НАТО и ЕУ нема алтернатива“ и кои со своите вистинити изјави се противтежа на дезинформациониот систем на евроатланската неолиберлна елита, која ги запоседна сите државни фрекфенции, државата, Владата, Собранието, институциите, судството, обвинителството,, политичките партии, терористичкиот елемент УЧК.
Откако доживеја фијаско нивната наратива, припремена во темните ходници на неолибералната дезинформациона служба, веќе видена за Ирак, Сирија, Либија и секаде каде интервенираа, се посегнува по последната карта, СТРАВОТ!
Ќе се апси, ако не верувате на вестите на МТВ 1, или како и да ја викате таа ТВ, еве нека биде „ТВ на Вашата земја“, или Северна МРТ, СМРТ. Но тука се и Сител, Телма, Алфа, сите до една.
А зошто да не верувате, кога таму се најави оружјето за масовно уништување на Ирак, поради која беше избомбардирана земјата по ширина и должина, за да на крај Тони Блер изјави, тоа беше конструкт, Ирак немаше такво оржије, Либија, Сирија, Шарените револуции по светот, итн…
Жална е состојбата со демократија во држави превземени од САД, ЕУ и неолибералната глобална секта.
Прогон на луѓе кои се родољуби, во нашиот случај уставобранителите, рушење на волјата на нација, во нашиот случај двата референдума од 08 Септември 1991 и 30 септември 2018 година, државни удари спроведени преку НВО финансирани од западни држави, кршење на Устав, прегазено Собрание, нелегитимен избор на вториот човек во државата, Претседател на Собранието, терористички напади од страна на западен протекторат Косово кон суверена земја, случај Диво Насеље, итн…
Дали МВР постапува по оваквите предмети?
Не!
Дали тоа е кривична одговорност, Велепредавство?
Секако мили мои!
Дали МВР ги реши Хашките случаи?
Не!
Приватизација со милијарди и милијарди народни пари?
Не!
Ама затоа ќе решава случаи на статуси напишани на социјалните медиуми!
Јас не би бил толку комотен да се расфрлам со овакви изјави, иако тоа е наредба издадена од западни амбасади.
На западот допрва ќе му се стемнува, а на истокот веќе се раѓа новото сонце, нов Постзападен Свет, Повеќецентричен, кој ќе го предводат земји со стара култура и цивилизација, не колонијални, народни, суверени.
Изиграјте ја и последната карта, па да го започнеме последното танго, пред РАзДенување!
(Слика: Графит во Јемен)