Родина Македонија
Кои сме ние
Ние сме обичниот македонски народ, ја делиме судбината со мнозинството и се залагаме за правда и еднаква можност за сите.
Зошто ние
Ние започнавме да се организираме во тоа што е одлика на нашиот народ. Чест, морал, соборност, традиција и систем на вредности.
Каде сте вие
Без вас, сето ова е залудно. Силата е во разбудената единка која работи заедно со други единки, за доброто на целиот народ и нација.
Како започна
Започна како активизам на улица, за Македонија.Предадени од политичките структури решивме да кренеме Организација на народот.
Нашите Ставови Реакции Соопштенија
ЧЕСТИТКИ ДО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ВЛАДИМИР ПУТИН ЗА НЕГОВАТА ИНАУГУРАЦИЈА
Родина Македонија упатува честитки до Владимир Путин за неговата инаугурација за Претседател на Русија. Родина Македонија посебно ја цени улогата на Русија во создавање на поправеден меѓународен поредок, каде народите ќе живеат слободно. Токму вашето лидерство во изминатите децении поттикна многу народи да се отргнат од канџите на колонијалното ропство
РОДИНА МАКЕДОНИЈА СЕ ПОКЛОНИ ПРЕД ГРОБОТ НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
По повод 121-годишнината од смртта на нашиот македонски идеолог, учител, револуционер и водач на македонското револуционерно движење, делегација на Родина Македонија положи свежо цвеќе и се поклони пред гробот на Гоце Делчев, во црквата Свети Спас, Скопје, Македонија. Дали може да има друго место за еден Македонец, освен Македонија? Дали
КАДЕ Е ДУХОТ НА АСНОМ- СКИОТ ПРОГЛАС ВО ДЕНЕШНИОТ УСТАВ?
Колумна: Коста Јовчевски – Корчагин, Претседавач на Советот за Родина „Кога цветаа тиквите“. Прекрасна книга од српски автор. Она што не чини е тоа што цветовите откај соседите се развија и дадоа плодови на македонско тло. Така, Маричиќ ни држи предавања дека СДС врз АСНОМ – ските принципи ги заштитил
РОДИНСКИ РАЗГОВОРИ, 26.4.2024 (петок), 21:30
ТЕМА: УЧЕСНИЦИ: ДАРКО ЈАНЧЕСКИ – Носител на листа во ИЕ6‚ ЗОРАН ЈОВАНЧЕВ – Носител на листа во ЕИ2 На јутуб и рамбл каналот на Родина Македонија
РОДИНСКИ РАЗГОВОРИ, 19.4.2024 (петок), 21:30
ТЕМА: УЧЕСНИЦИ: МАРИЈАН ГАЦЕВСКИ – Ностиел на листа во ЕИ5 ИЛИЈА ЈАНКОВСКИ – Носител на листа во ЕИ4 ЗОРАН ЈОВАНЧЕВ – Носител на листа во ЕИ2 На јутуб и рамбл каналот на Родина Македонија
И З В Е С Т У В А Њ Е
за неприсуството на Родина Македонија на потпишувањето на Кодексот за фер и демократски избори Во врска со потпишувањето на Кодексот за фер и демократски избори за парламентарните избори 2024 година, а кое се случи во Собранието на Република Македонија на ден 17.4.2024 година, политичката партија Родина Македонија ја известува јавноста
Родински разговори
Родински разговори секој петок во 21:30 на фејсбук страната на Родина Македонија.
Најгледана емисија во нашите Родински Разговори беше со почитуваната Мирка Велиновска. емисија која траеше 2:30 минути.
Најчесто поставувани прашања
Родина е инцијатива произлезена од народот, народ кој од 1991 се залага Македонија да стане современа држава во која законот ќе важи за сите подеднакво, а Македонија ќе стане пристојно место за живеење на македонскиот народ и сите граѓани.
Исклучиво трудољубивиот и чесен македонски народ.
Ние сме уверени дека вештачките воено-хушкачки творби ЕУ и НАТО кои ни се распаѓаат пред очи наскоро нема да постојат и нашата програмска цел е да ја подготвиме Македонија за надоаѓачката геостратешка реалност и единствена природна опција за следните најмалку 100 години, а тоа е идејата на Шарл де Гол за Евроазија од Лисабон до Владивосток, како заедница на слободни и суверени народи.
Сите држави кои ја почитуваат Република Македонија, македонскиот народ, неговиот идентитет, јазик, култура и историја во иднина ќе бидат стратешки партнери во креирањето на надворешната политика на РОДИНА. Партијата во формирање има за цел да остварува билатерални односи со сите меѓународни фактори кои го почитуваат меѓународното право на самоопределување и суверенитет на секој еден народ, а со тоа и на македонскиот народ и кои би и помогнале на Република Македонија во остварувањето на нејзините стратешки цели.
Родина е партија која дејствува во Република Македонија но е отворена за членство на сите Македонци моментално зад границите на татковината. Уште повеќе, Родина ќе ги повика сите Македонци да се вратат во својата земја и ќе им даде државјанства, пасоши и ред погодности за полесно враќање со семејствата и пуштање нов корен на нашата родна грутка.