Родина Македонија

Кои сме ние

Ние сме обичниот македонски народ, ја делиме судбината со мнозинството и се залагаме за правда и еднаква можност за сите.

Зошто ние

Ние започнавме да се организираме во тоа што е одлика на нашиот народ. Чест, морал, соборност, традиција и систем на вредности.

Каде сте вие

Без вас, сето ова е залудно. Силата е во разбудената единка која работи заедно со други единки, за доброто на целиот народ и нација.

Како започна

Започна како активизам на улица, за Македонија.Предадени од политичките структури решивме да кренеме Организација на народот.

Нашите Ставови Реакции Соопштенија

Соопштение
Redeakcija

ДИК ГИ ПОТВРДИ ЛИСТИТЕ НА РОДИНА МАКЕДОНИЈА ВО СИТЕ ШЕСТ ИЗБОРНИ ЕДИНИЦИ

На седница одржана на 12.4.2024 година ДИК ги потврди листите на Родина Македонија во сите шест изборни единици. На ждрепката одржана на истата седница, Родина Македонија го доби бројот 14 под кој ќе настапува на престојните парламентарни избори. Воедно, сакаме да укажеме на доцнење на целиот процес на потврдување на

Прочитај повеќе »
РОДИНСКИ РАЗГОВОРИ
Redeakcija

РОДИНСКИ РАЗГОВОРИ, 12.4.2024 (петок), 21:30

ТЕМА: „Дејство наместо  празна реторика, за нашата РОДИНА МАКЕДОНИЈА“ УЧЕСНИЦИ: ЕЛИЗАБЕТА МАТЕВСКА – Кандидат за пратеник во ИЕ1, член на Советот за Родина Македонија ТОМЧЕ ШИРКОВ – Носител на листа во ЕИ1, заменик претседавач на претседателството на Родина Македонија СТЕФАН АЦКОВСКИ – Кандидат за пратеник во ИЕ1, претседавач на Родина

Прочитај повеќе »
Соопштение
Redeakcija

РОДИНА МАКЕДОНИЈА НА ЧЕСТВУВАЊЕ НА ДЕНОТ НА КОСМОНАУТИКАТА

Денес, 12.4.2024 година, во паркот „Македонија“ пред спомен плочата на рускиот космонаут Јуриј Гагарин, се одржа свеченост по повод Денот на космонаутиката, во организација на Амбасадата на Руската Федерација во Скопје. На оваа свеченост присуствуваше и делегацијата на политичката партија Родина Македонија, предводена од Претседавачот Зоран Јованчев. Родина Македонија на

Прочитај повеќе »
РОДИНСКИ РАЗГОВОРИ
Redeakcija

РОДИНСКИ РАЗГОВОРИ, 5.4.2024 (петок), 21:30

ТЕМА: „ИМА ЛИ МАКЕДОНЕЦОТ ИЗБОР(И)?“ УЧЕСНИЦИ: ВИОЛЕТА ПЕТКОВСКА – Член на Советот за Родина ЗОРАН ЈОВАНЧЕВ – Претседавач на претседателството на Родина ТОМЧЕ ШИРКОВ – Заменик претседавач на претседателството на Родина На јутуб и рамбл каналот на Родина Македонија

Прочитај повеќе »
РОДИНСКИ РАЗГОВОРИ
Redeakcija

РОДИНСКИ РАЗГОВОРИ, 29.3.2024 (петок), 21:30

ТЕМА: „СТАРО-НОВИТЕ ЛИЦА НА СЕВЕРНА” / ИНТРО : ДАЛИ СТЕКНАТАТА РЕАЛНОСТ ВКЛУЧУВА КОРУМПИРАНИ ПОЛИТИЧАРИ ЗА “БЕТОНИРАЊЕ” НА СЕВЕРНА“ УЧЕСНИЦИ: СОТИР КОСТОВ, политички аналитичар ТОМЧЕ ШИРКОВ, Родина Македонија На јутуб и рамбл каналот на Родина Македонија

Прочитај повеќе »
Соопштение
Redeakcija

СОЧУВСТВО ДО РУСКИОТ НАРОД

Родина Македонија искажува најдлабоко сочувствто за жртвите од гнасниот терористички напад кој беше извршен во Москва.Нашите молитви денес се наменети токму за жртвите од овој терористичи чин, но и за целиот братски руски народ, да издржи пред налетот на повторно повампирениот фашизам и тероризам.На ранетите им посакуваме побрзо оздравување.Македонскиот народ

Прочитај повеќе »

РОДИНСКИ РАЗГОВОРИ

СЕКОЈ ПЕТОК21:30 ЧАСОТ ВО ЖИВО НА ФЕЈСБУК СТРАНАТА НА РОДИНА МАКЕДОНИЈА
Во живо

Родински разговори

Родински разговори секој петок во 21:30 на фејсбук страната на Родина Македонија. 

Најгледана емисија во нашите Родински Разговори беше со почитуваната Мирка Велиновска. емисија која траеше  2:30 минути. 

Најчесто поставувани прашања

Родина е инцијатива произлезена од народот, народ кој од 1991 се залага Македонија да стане современа држава во која законот ќе важи за сите подеднакво, а Македонија ќе стане пристојно место за живеење на македонскиот народ и сите граѓани.

Исклучиво трудољубивиот и чесен македонски народ.

Ние сме уверени дека вештачките воено-хушкачки творби ЕУ и НАТО кои ни се распаѓаат пред очи наскоро нема да постојат и нашата програмска цел е да ја подготвиме Македонија за надоаѓачката геостратешка реалност и единствена природна опција за следните најмалку 100 години, а тоа е идејата на Шарл де Гол за Евроазија од Лисабон до Владивосток, како заедница на слободни и суверени народи.

Сите држави кои ја почитуваат Република Македонија, македонскиот народ, неговиот идентитет, јазик, култура и историја во иднина ќе бидат стратешки партнери во креирањето на надворешната политика на РОДИНА. Партијата во формирање има за цел да остварува билатерални односи со сите меѓународни фактори кои го почитуваат меѓународното право на самоопределување и суверенитет на секој еден народ, а со тоа и на македонскиот народ и кои би и помогнале на Република Македонија во остварувањето на нејзините стратешки цели.

Родина е партија која дејствува во Република Македонија но е отворена за членство на сите Македонци моментално зад границите на татковината. Уште повеќе, Родина ќе ги повика сите Македонци да се вратат во својата земја и ќе им даде државјанства, пасоши и ред погодности за полесно враќање со семејствата и пуштање нов корен на нашата родна грутка.