You are currently viewing ПРОНАЈДИ ГО ВИСТИНСКИОТ КЛОВН!

Пишува: Томче Ширков, член на Претседателството на Родина Македонија

Доналд Трамп во 2019г. од позиција на претседател на САД и врховно одговорен за армијата, но и оној кои ги поседува црвените кодови на нуклеарните проектили ќе изјави:

“ Ние не сакаме да ја провоцираме Русија со ширење на НАТО до нејзините граници. Воопшто не е умно толкава земја и нуклеарна сила да се напика до ѕид, а и што има просечниот Американец од ширењето на НАТО? Има само екстра давачки, пад на економијата и внатре-општествена криза, а корист имаат поединци и огромните корпорации. Е токму затоа ние
(републиканците) ќе победиме. Ќе победиме затоа што нема да дозволиме пад на американската економија, кој е однапред проектиран, не сакаме омраза во светот и не сакаме нова војна, посебно не војна со Русија“

Рекоа и навистина победија!

Е сега што понатаму се случи сите вие многу добро знаете.
Важно е дека го нарекоа КЛОВН, “зависник од Путин“ и “но гатс менаџер“. Потоа го инсталираа сенилниот дедо, кој кога на пресс во овалната соба падна, сопнувајќи се на тепихот, изјави : “Драго ми е што имам можност да ве засмејувам“

Но изгледа ова засмејување од страна на сенилниот дедо, не и беше доволно добро на “ длабоката држава“, па мораше дополнително да ангажира професионален комедијант, кој овојпат беше најмен, не да засмејува, туку да го легализира “Етничкото чистење“ на Русите и рускојазичните Украинци од големите градови, но и да направи се што може вклучувајќи : масакри на деца, стрелање во тинејџери на кошаркарски натпревари, 14.000 мртви, 6000 силувања, палење живи луѓе, растворање на жртвите во базен со киселина…и така до недоглед само и само да се испровоцира Русија. Русија не се провоцираше, народот од Донјецк, Луганск, но и од Одеса прво го молеше, па проколнуваше Путин да ги заштити, на крај му се налути, па јавно го нарекуваше предавник на сопствениот народ!

Така предадени Русите и рускојазичните Украинци побараа заштита од UN, UNHCR i COUN …Но “обединетите нации“ се прогласија за ненадлежни зошто статусот на тие територии, а и државјанството на тие граѓани не било регулирано. Но имаа и поважна борба- Борбата со пандемијата!

За да не одиме во детали каква беше општата ситуација, најдобро илустрира изјавата на полскиот премиер во советот на ЕУ каде тој се бранеше од обвинение дека Полска не сака да прими бегалци. Тој ќе изјави : “ Најостро ги отфрламе инсинуациите дека не сакаме да примаме бегалци, имено Полска до сега има примено 2.480.000 бегалци од Украина и Крим. ( очигледно Полска не го смета Крим за руска територија).
.
И доаѓаме до главното:
Кога конечно, по осумгодишниот терор и воени злосторства руската држава и Путин беа дотерани во ќош и превземаа реакција со цел заштита на својот народ и држава, а со тоа и светот беше доведен до раб на нуклеарна војна. Генералниот секретар на копнената војска на НАТО ( што тоа и да значи) ќе изјави : “Ова е инвазија на суверена држава со цел нејзина окупација, тоа може да го направи само болен човек, или кловн кои не разбира што предизвикува“!

Некако многу кловнови во меѓународната политика, а работата воопшто не е за смеење!

Кој е вистинскиот кловн, проценете сами.