РОДИНА МАКЕДОНИЈА секогаш ќе се бори за ниеден Македонец да не смее да биде држан незаконски и без суд в зандани, и во татковината а уште повеќе во странство.
Затоа Родина Македонија го крева својот глас за ослободување од веќе седум-месечниот притвор без судење на Љупчо Палевски, македонски државјанин, кој се наоѓа во екстрадициски притвор во Република Србија, и давање можност да одговори на било какви тужби од слобода и од својата татковина.
Не е Македонски ниту Родински никој да не крене глас, без разлика што се работи за политички конкурент, тоа е најмалку важно, најважно е Македонец а уште повеќе голем патриот, затворен без суд во странство, ни државата и нејзините правосудни органи, ниту пак неговата партија Глас (која бизарно и спротивно на своето име, токму остана без Глас на оваа страшна тортура на нивен член) ни медиуми ни експерти реагираат!
Затоа Родина Македонија ги подржува напорите на активистите од движењето „Трета“ чиј член е Љупчо Палевски, за запознавање на јавноста со овој случај, и сами ќе ги информираме членовите и македонскиот народ и ќе ги подржуваме напорите за негово ослободување.
Бидете дел од политичката партија Родина Македонија