Програмска целина – Политички систем – Вистинскиот Македонски Пат (Текст + Видео) За Јавна Консултација!
Врска до Политички Систем на страницата на Родина Македонија
Од основните програмски цели
- Поднесување барање за прием под уставно име Република Македонија во ООН.
- Спроведување на АСНОМ-скиот и духот на Уставот од 1991ва во сите законско-регулативни акти и во сите национални и општински институции.
- Поништување на сите закони и меѓународни договори донесени од нелегитимните анти-уставни, пучистички и самонаречени собрание и влада од 27ми Април 2017 наваму.
- Поништување на Пржинските и Охридскиот договор и сите последици произлезени од нив.
- Враќање на законот за локална самоуправа од пред 2004та година.
- Поништување на регистрацијата на сите политички партии и ре-регистрација само на оние чии програми не се косат со Уставот на Република Македонија од 1991.
- Одземање и повторно објавување конкурс за лиценци на сите медиуми.
- Поништување на регистрацијата и дозволата за работа на сите НВО финансирани со странски средства.
- Укинување на сите нелегално издадени Македонски државјанства незаконски доделени од политички причини од 1991 наваму.
- Спречување доселување и легализирање на мигранти во Република Македонија, издавање пасоши на сите Македонци од светот и доделување земја за нивно враќање во татковината.
- Прочистување на сите Македонски Институции од кадар лојален на туѓи интереси.
- Забрана за учество во политика со повеќе од два мандати за секого, а општа забрана за учество во политика и вршење јавни функции на амнестирани и аболицирани лица вмешани во био каков криминал и отворање на процес со судско -правна разврска и конфискација на имотот на корумпираните нелегитимни елити.
Основни Стратешки Цели
- Македонија е организирана како Република со Претседателски систем каде никој нема право да ги менува уставните темели на Македонија како држава на македонскиот народ.
- Македонскиот државен и политички систем се заснова на Македонска Доктрина и Национална Стратегија на Развој на државно уредување базирана на древниот вековен опит и во склад со новите светски општествено-државни и геостратешки хоризонти кои се оцртуваат и ќе го заменат неолибералниот глобалистички светски поредок кој се распаѓа и заминува во историјата.
Политички Систем
Претседател – Македонија ја раководи претседател кој се избира на рок од 5 години, најмногу на два мандати и на основа на програма за развој на Македонија во тој мандат а во согласност со долгорочната Македонска Доктрина и Националната Стратегија на Развој. Претседателот именува Влада која ја спроведува неговата програма и која во секој момент може да ја промени. Претседателот ја представува Република Македонија во странство и е Командант на Македонските Вооружени и Полициски сили.
Влада – Владата на Република Македонија е назначена од Претседателот на Македонија и е составена од Премиер и Министри кои ги назначува Претседателот. Владата, Премиерот и секое министерство работи на спроведување во дело на програмата на Претседателот за што редовно се отчитува пред народот, собранието и Претседателот.
Општествени совети – со надзорна, консултативна и советодавна улога, составени од обични граѓани на Република Македонија професионалци од таа и други слични сфери ангажирани на про-боно основа која ќе ја зголеми транспарентноста и пред кои, секое министерство и јавни институции ќе мора да се одчитува за минатата работа, тековните и планираните работи.
Собрание – Собранието има главна улога да го усогласува законодавството да биде во функција на спроведувањето на програмата на Престедателот и развојот на Република Македонија и се состои од 60 пратеници избирани на рок од 5 години избрани во една изборна единица која ја опфаќа целата територија на државата и максимум еден изборен мандат и предложени од политички партии или од група од 100 граѓани.
Политички партии – Регистрација на политички партии е дозволена само врз економска основа а не врз национална или идеолошка. Политичка партија се регистрира со 100 пристапници.
Судство – Професионално, патриотско и некорумпирано судство.
Уставен Суд – Назначен од Претседателот на Република Македонија со цел да ги брани темелните принципи на уставот на Република Македонија.
Политички мерки во согласност со основните цели
- Поништување на Охридскиот и Пржинските договори како вонуставни и нелегитимни и престанување на дејствата на сите вонинституционални и анти-уставни решенија произлезени од нив!
- Поништување на Преспанскиот договор
- Целосно отфрлање на Тиранската платформа!
- Поништување на договорот со Бугарија!
- Прекинување на преговорите за името со Грција и барање за прием во ОН под уставното име Република Македонија а врз основа на одлуката на Меѓународниот Суд во Хаг!
- Пре-регистрација на сите политички партии, невладини организации и здруженија на граѓани и забрана на работа на сите тие кои имаат анти-уставни програми или дејствија
- Забрана на делување на странски организации страна чии програмски цели и дејствија се анти-уставни и забрана на финансирање од нивна страна на домашни агенти!
- Забрана на финансирање од странство на домашни организации и медиуми од извори чија цел е ширење туѓа анти-македонска пропаганда на политичка, национална и верска основа!
- Задолжително користење на Македонскиот јазик како официјален во сите национални и општински установи и органи на власт со задолжителен тест на знаење на вработените!
- Задолжителна употреба на Македонското знаме како официјално во сите национални и општински установи, институиции и органи на власт со казна за непочитување!
- Забрана за ширење на меѓунационална и верска омраза вклучително и забрана на работа и влез во земјата на вахабистички оџи спонзорирани од странство!
- Попис на населението според меѓународна статистичка методологија!
Спроведување
Македонскиот политички систем ќе се реформира централизирано од Претседателот, владата и министерствата со општествен надзор на работата на министерствата преку народни општествени совети од граѓани избрани од народот.
Вашите предлози за Програмската Целина – Политички систем може да ги оставите во коментари подолу, на емаил адресата contact@rodina.org.mk или активно да се вклучите во Родина.
Браќа и Сестри, нека се чуе Македонскиот глас и волја! Создавај ја и спроведувај ја Државната, Економската, Политичката, Националната, Социјалната Обнова на Македонија на здрави темели за следните 1.000 години!
Бидете дел од иницијативата за политичка партија „Родина“