You are currently viewing РОДИНА МАКЕДОНИЈА НЕ ГО ПРИЗНАВА ФАЛСИФИКУВАНИОТ ПОПИС!

Родина Македонија уште на самиот почетокот со подготовка на Пописот, укажа на сомнителнтата припрема која се одвиваше исклучиво со подзаконски акти, наместо уредени со закон.
Тука се донесоа промени спротивни на меѓународно утврдените стандарди за попис, од право за попишување на повеќе лица од страна на едно лице, самопопишување на дијаспората, податоци кои се само виртуелни, без пишан траг, до бугарски софтвер, а тука би го споменале и исчезнувањето на 100 000 изводи под менторство на ДУИ.

Лицата кои беа задолжени за попис, а кои беа дефицитарни и собирани малтене од улица, беа само со задача да ги соберат матичните броеви и ништо друго. Тоа повторно ни го дава и мотивот, а тоа е Попис со единствена цел која не е од државен интерес, туку од туѓ, западен геополитички, а тоа е качување на бројката на Албанците на сметка на Македонците, менување на етничката карта и ништо друго, што во суштина претставува продолжување на долговековната западна политика.

Во суштина, целиот Попис е спроведен во спротивност со меѓународните стандарди за попишување на население. Сакаме да укажеме и дека процентот кој го бојкотираа Пописот е многу повисок од процентот со кој еден Попис станува релевантен.

Родина Македонија, заедно со други организации и движења, согледувајќи го мотивот зошто овака се организира Попис, беше дел од активности за Бојкотирање на Пописот.

Секој нормален човек го гледа фалсификатот на Пописот, но не и официјалните државни институции, двоецот Заев-Мицковски, кои од западната меѓународна заедница се поставени да бидат статисти во проектот со вековна западна традиција за бришење на Македонецот од неговата етничка територија. Една ваква операција од истите западни сили беше успешна во Егејска Македонија, каде денес нема Македонци.

Бедна состојба на комплетниот политички но и државен систем, со сите институции, кои работат спротивно на интересите на македонскиот народ.

За жал, како што бевме во право за многу работи и состојби, сакаме да укажиме на уште една суштинска и последна состојба.

Овака организираниот геополитички криминален Попис од страна на западните сили и албанската иредента во Владата, како и македонската петта колона, каде Македонецот е избришан во својата матична земја во една криминално мафијашка геополитичка операција, на крај ќе значи само едно, започнување на последнатата битка на Македонецот за своја земја.

Ние повеќе немаме што да изгубиме!